4.8 C
Скопје
03:05 - 7 октомври, 2026

(ФОТО) САУДИСКИОТ ПРИНЦ ОБОЖАВА УМЕТНОСТ: Платил 400 милиони евра за слика од Леонардо Да Винчи

Мохамед бин Салман

Принцот Мохамед бин Салман од Саудиска Арабија откако неговиот татко, кралот Салман, во јуни 2017 година го именува за престолонаследник, заменувајќи го 26 години постариот братучед, стана, по кралот, најмоќната фигура во својата земја.

Покрај фудбалскиот клуб „Њукасл“, тој го поседува и најлуксузниот и најскапиот дом на планетата. Имено, во 2015 година, тој платил 270 милиони евра за велелепниот замок на францускиот крал Луј 14. Интересно е што оваа вртоглава бројка е приближно на парите што ги дал за купување на „Њукасл“.
Но, со оглед на тоа дека богатството на Мохамед бин Салман се проценува на 377 милијарди евра, тие трошоци се вистинска ситница за него. Замокот на Луј 14, завршен во 2011 година, бил изграден во стилот на француските замоци од 17. век, а целиот имот се протега на речиси 5.000 квадратни метри. Поседува винарски визби, базени внатре и надвор и еден посебен со големи риби, потоа ноќен клуб, соба за медитација и одмор, киносала, терен за сквош, соба во аквариум…

Замокот е полн со скапоцени уметнички дела, а посебно се издвојува сликата на Леонардо Да Винчи „Спасител на светот“ (Салватор Мунди) која чини рекордни 400 милиони евра, која ја платил повеќе отколку англискиот клуб.

Исто така, замокот има 10 луксузно дизајнирани спални соби, насликана купола, библиотека и винарска визба со повеќе од 3.000 шишиња, огромна сала за балови и други свечености.

Покрај овој раскошен и луксузен замок, Салман поседува и една од 10 најдолги суперјахти на светот, долга 130 метри, која чини 530 милиони евра.

Извор: Слободен Печат

 

Слични објави

Ќерката на Дарко Лазиќ славеше роденден, а нејзината мајка испрати емотивна порака: „Зошто никој не ми кажа дека ќе ми биде волку тешко?“

Еспресо

Кеба откри детали за свадбата на синот и бремената снаа: Цеца ќе пее, а еве кога ќе биде веселбата

Еспресо

Милица Тодоровиќ проговори за периодот по породувањето: „Ми беше тешко, одам кај психотерапевт и плачам“

Еспресо

(Фото) Синот на Анастасија Ражнатовиќ носи фармерки што чинат и до 700 евра! Бебето е опкружено со луксуз, но има и скапа гардероба

Еспресо

(Фото) Тања Савиќ се спакува и замина од родното Смедерево: Сега покажа како изгледа нејзиниот стан во Белград

Еспресо

Младата Месечина во Вага ќе им донесе среќа на четири хороскопски знаци — ќе започне период на нови можности

К.С
Се вчитува....