6.8 C
Скопје
07:10 - 21 април, 2026

(Видео) Џони Деп доби седум минути овации во Кан, неговата режисерка нападната: „Таа е против жените!“

Враќањето на Џони Деп во глумата на голема врата со филмот „Jeanne du Barry“ дојде благодарение на режисерката Мајвен Ле Беско, која е поранешна сопруга на Лук Бесон.

Мајвен доби многу лош одзив од новинарите откако „плукна во лице“ на француски новинар.

Според новинарот Едви Пленел кој зборуваше за Варајати  „Таа е отворено против #MeToo движењето и направи гест за да го искаже својот свет, па дури се фалеше со тоа на телевизија. Можевме да видиме некаква гордост во неа што го повторуваше тоа“.

Инаку, #MeToo движење е светки познато феминистичко движење, а предводено од жени кои поддржуваат жени кои се соочиле со семејно насилство, сексуално насилство и слично.

Ова дојде откако Мајвен даде неколку непопуларни забелешки во Париз во 2020 година, на еден новинар: „Лудо е колку глупости кажуваат овие денови! Овие жени не сакаат мажи, тоа е јасно, и тие предизвикуваат многу сериозна колатерална штета“.

Во истото интервју таа дури и го истакнала и го елаборирала својот став против ова феминистичко движење, велејќи дека „Кога ги слушам жените како се жалат дека мажите ги интересира само секс со нив, им велам: „Уживајте затоа што нема долго да трае!“

Минатата недела Мејвин мирно прифати дека е нападната од печатот, но одби да зборува за тоа бидејќи тврдеше дека е нервозна поради премиерата на филмот.

За време на едно телевизиско интервју, таа ја потврди нејзината реакција „Дали потврдувам дека го нападнав (новинарот)? Да, ќе зборувам за тоа кога ќе бидам подготвена, многу сум зафатена за премиерата на мојот филм“.

Токму од овие антифеминистички причини, реисерката не го добива публицитетот што го сакаше за својот филм кој вчера беше претставен на Канскиот филмски фестивал, а во кој главата улога ја има Џони Деп. За жал, претходно искажаните анти-феминистички зборови донекаде го засенија новиот филм кој според критичарите е одличен. Но сепак, самиот Џони Деп доби 7-минутни овации кога пристигна во Кан.

 

Слични објави

(Фото) Ана Ивановиќ позираше без шминка и босонога и покажа каков педикир избира оваа пролет

Еспресо

(Видео) Маја Шупут за првпат проговори за загубата на својот татко: „Две години по неговата смрт не можев да одам на гробишта“

Еспресо

„Девојка ми ја раскрвави главата“: Бресквица доживеала непријатна ситуација на настап

Еспресо

Харис Џиновиќ ја „избриша“ ќерката Џина: Откако присуствуваше на свадбата на Мелина со милионерот, пејачот изненади со изјавата

Еспресо

(Фото) Прослава во семејството на Ѓани! Неговиот внук наполни четири години

Еспресо

(Фото) Ана Бекута во Македонија со посебен повод, Марјана Станојковска ги откри деталите

Еспресо
Се вчитува....