07:55 - 7 ноември, 2026

Џокси и Анета Љумакоска како возрасни дознаа дека се роднини и станаа многу блиски

Малкумина знаат за блискоста помеѓу Анета Љумаковска и Џина Папас-Џокси, кој ѝ е вујко на фолк-пејачката.

Познатата пејачка уште еднаш покажа дека покрај успешната кариера, ги негува семејните вредности и блиските релации. Таа на социјалните мрежи сподели фотографии од лежерна, но емотивна средба со својот вујко, познатиот музичар Џокси.
​Уживајќи во пролетното сонце на скопскиот плоштад, во пријатен амбиент, внуката и вујкото се дружеа низ разговор и кафе. Анета во описот на фотографиите кратко напиша: „Ранчанска средба Анета и вујче Џокси“.
​Дека крушата под круша паѓа, доказ се токму тие двајца. Оваа „ранчанска“ врска (која влече корени од Егејска Македонија) е вистински пример за поддршка помеѓу две генерации музичари. Додека Анета со децении го освојува Балканот со својот моќен вокал, вујче Џокси е добро познато име на македонската естрада.

Пред неколку години, Џокси изјави дека тој е братучед со мајката на Анета, а за нивната роднинска врска и двајцата дознале кога биле возрасни.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....