18:44 - 28 јули, 2026

(Видео) Бев иницијатор за разводот на родителите: Пејачката Тамара Волческа си ја отвори душата

Пејачката Тамара Волческа за првпат јавно и детално прозбори за разводот на родителите и рече дека во еден период од животот немала добар однос со татко ѝ.

Волческа во поткастот „Естраден лексикон“ со Марио Арангеловски рече дека таа на некој начин била иницијатор родителите да ѝ се разведат. Иако за многумина ова е трауматично искуство, Тамара открива дека таа и нејзината сестра биле доволно зрели за да сфатат дека тоа е најдоброто решение за среќата на сите.

​Разводот се случил пред околу четири до пет години, во период кога Тамара веќе била возрасна личност. Таа без двоумење признава дека имала клучна улога во донесувањето на оваа одлука.

​„Јас дури бев и иницијатор за таа постапка. Јас и сестра ми бевме доволно возрасни за да сфатиме дека апсолутно тоа е најдоброто решение за секого, како за нас, така и за нив. Најбитно ми е да се живи и здрави, отколку да се заедно. Што ќе ми смени мене дали се заедно на мои 26-27 години ако не се како што треба да бидат?“, вели Тамара.

Иако процесот поминал релативно мирно, Тамара признава дека како постара ќерка носела огромен товар на своите плеќи. Наместо трауми, таа почувствувала притисок од околината и семејството кој бил насочен директно кон неа.

​„Немам трауми од тој период, само носев доста голема одговорност. Имав обврска и кон сестра ми и да бидам утеха за мајка ми. Целосно, затоа што баш тој период се чувствував како јас да сум родителот во целата приказна. Тука доаѓаат притисоци од фамилија, прашања… никој не ѕвони таму да праша, туку ти ѕвонат тебе, бидејќи си постара.“

​Тамара отворено зборуваше и за осцилациите во односот со нејзиниот татко. Иако во текот на процесот цврсто застанала зад својата мајка, патот до денешната хармонија со татко ѝ не бил едноставен.

​„Со татко ми имаме доста интересен пат изодено во изминативе години. Имавме доста падови, доста издигнувања, доста недоразбирања… Имавме и вакуум период на некомуницирање во два наврати. Тука преовладуваа многу чувства, притисоците ги растегнаа работите да не е сè чисто. Едниот го правиш виновен без да знаеш дека нема вина, туку едноставно животот го донел тоа.“

​Денес, Тамара вели дека е среќна што и двајцата родители го пронашле својот мир.

​„Денес ми е само доволно да го слушнам, да го видам, да знам дека е добар и среќен. Исто и тој. Мајка ми си го живее својот мир, тој неговиот“.

Слични објави

(Фото) Едита сподели интимен момент како го дои бебето: „Не купувам дохрана“

Еспресо

(Фото) Тарик Филиповиќ стана „матичар“ на свадба и ги воодушеви сите: „Почнаа да пристигнуваат понуди“

Еспресо

(Фото) „Моторџиска“ летна авантура — Тамара и Лука уживаат во љубовта

Еспресо

„Болката со годините се менува, но никогаш не исчезнува“: Сузана Турунџиева сподели емотивна порака на годишнината од смртта на нејзиниот сопруг

Еспресо

(Видео) Дарио со емотивна приказна за вечерта во Струга: „Ова се случува многу ретко“

Еспресо

„Повеќе бев со него отколку со самиот себе“: Вака зборуваше Гоце Тодоровски за пријателството со Ванчо Петрушевски

Еспресо
Се вчитува....