07:55 - 7 ноември, 2026

„Тоа се слуша секоја ноќ“: Пејачка откри што се случува навечер во домот на Милан Станковиќ

Поранешната голема ѕвезда, српскиот пејач Милан Станковиќ, со години живее во целосен медиумска илегала, далеку од очите на јавноста. Меѓутоа, се чини дека на чекањето му дошол крајот.

Како што наголемо се шпекулира, Станковиќ подготвува нов албум во строга тајност и планира спектакуларно враќање на музичката сцена, а пејачката којашто живее недалеку од него открила каква е сега ситуацијата во домот на пејачот.

Ива Грујин, која живее веднаш до него во една од најлуксузните населби во Белград, Дедиње, тврди дека често го гледа.

– Моето семејство живее на Дедиње и тие рекоа: „Тој секоја вечер нешто пее, вежба, ние го слушаме“. Јас велам дај Боже да е тоа во прашање, но… Сите се надеваме – восхитено рекла младата Ива.

Инаку, Милан е активен на социјалната мрежа Тикток од неодамна, а обожавателите редовно му пишуваат во коментарите да се врати на сцената со нови песни што е можно побрзо, додека многу негови колеги неодамна коментираа дека не знаат каде е и со што се занимава.

– Милан, сите те очекуваме со нетрпение. Би било многу убаво да се вратиш и со новите песни да направиш вистински бум. И старите и новите обожаватели те сакаат, па затоа враќањето е задолжително – гласел еден од коментарите на социјалните мрежи.

 

 

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....