11.8 C
Скопје
20:57 - 18 октомври, 2026

ЏЕСИКА ЧЕСТЕЈН ОТВОРЕНО ЗА СТРАШНОТО ДЕТСТВО: Немав што да јадам, немав ништо, работев на многу млада возраст…

Во интервју за Style Magazine, прилог на The Sunday Times, актерката се присети на своето детство, откривајќи ги тешките услови во кои пораснала.

Џесика Честејн е една од најпознатите и најпопуларните актерки во Холивуд на денешницата. Со текот на годините таа постигна големи успеси, успевајќи да изгради навистина неверојатна кариера. Уметница од висок калибар која ја освои пошироката јавност со своите неверојатни актерски интерпретации. Убава, елегантна и талентирана: мешавина на квалитети што ја прави единствена. Сепак, не секој знае низ што морал да помине за да стигне до местото каде што е моментално. Актерката во интервју за магазинот Style, отворено прозборе за болната страна од нејзиниот живот.

Честејн, која сега има 44 години, се „разголи“ додека раскажуваше за своето детство во Северна Калифорнија:

„Пораснав со многу незадоволство, бидејќи немавме ништо, дури ни храна. Не зборувам многу за тоа, но тоа не беше животот што секако го очекував. Кога луѓето ме гледаат, мислам дека очекуваат поинакво минато од тоа што јас го имав. Но, токму поради тоа што доаѓам од таков контекст, знам да ги ценам работите“.

Понатаму таа објаснува : „Имаше многу луѓе кои видоа колку страдав како дете и ми помогнаа. И затоа денес сум тоа што сум“. А потоа додаде: „Јас сум првата личност во моето семејство што не забременила до 17 години“. Зборови кои одѕвонуваат и кои јасно покажуваат како дури и ѕвездите кријат длабоки страдања кои, неминовно, им го одбележале патот. Всушност, Честејн сакала да раскаже за своето минато за да стане јасно дека нејзиниот живот не секогаш бил розов.

Џесика Честејн е денес една од најдобрите американски актерки и филмски продуценти. Сепак, пред да постигне успех, таа морала да работи напорно за да ги оствари своите соништа. Всушност, актерката рече дека имала тешко детство, карактеризирано со болка и сиромаштија. По завршувањето на средното училиште го посетувала колеџот Сакраменто Сити каде студирала театар и глума, и се присетува:

„Моите родители никако не можеа да си го дозволат тоа. За да го остварам мојот сон, почнав да работам на многу млада возраст“. Имено, во младоста работела повеќе работи за може да си го плати школувањето, и многу се жртвувала за да стигне таму каде што е сега.

Слични објави

(Фото) Која од која поубава! Милица има две сестри, мајка ѝ објави прекрасна славеничка фотографија

Еспресо

(Фото) Се омажи ќерката на Ена Беговиќ – Лана го кажа судбоносното „да“ во елегантна венчаница која ја истакна нејзината фигура

Еспресо

(Видео) Скандал на хрватските пејачки во Нови Сад: „Зошто ме бакнуваш трипати?“

Еспресо

Ќерката на Гоца Тржан студира еден од најтешките факултети, пејачката откри дека имала тежок избор

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ јавно му се обрати на Жан Клод Ван Дам: Објави заедничка фотографија, еве што слават вечерва

Еспресо

„Лука вели ‘Здраво на светот’“: Марија и Бојан од „Ај кју“ станаа родители

Еспресо
Се вчитува....