15.8 C
Скопје
12:05 - 11 март, 2026

Џенифер Анистон ги откри навиките поради кои изгледа како да не старее: „Што подалеку од социјалните мрежи…“

Сега кога се приближува до средината на 50-тите години, Џенифер Анистон изгледа исто толку добро како кога за прв пат се појави во серијата „Пријатели“ пред речиси 30 години. Како ѝ успева да го сочува младешкиот изглед?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

Иако има доволно пари да си го дозволи најдоброто кога се во прашање здравјето и убавината, познатата актерка тврди дека се работи за добри навики кои ѝ помагаат да остане здрава.

„Се работи за долговечност. Привилегија е да старееме, но не мора да се разболуваме. Сакам да уживам во годините во кои сум и да не гледам на стареењето како на нешто негативно, туку како на привилегија. Сите старееме“, рече таа.

Актерката зборуваше и за тоа колку добро се чувствува по вежбањето: „Се грижам за моето тело, ендорфините ми растат, а крвта циркулира низ моите вени“.

Во интервју за Вог таа откри и дека наутро се воздржува да не гледа во телефонот. Не го користи првиот час по будењето.

„Тоа прави голема ментална разлика што влијае на целиот ден. Полначите ги чувам во фиока, на шест метри од креветот и имам малку стар Ајфон што го користам само за аларми и апликации за спиење“, објасни таа.

Генерално социјалните мрежи ги смета за токсични, па затоа се држи настрана од нив. Кога станува збор за козметички производи, таа не соработува со ниту еден бренд во кој нема доверба.

„Не сакам да бидам лице на нешто ако тоа не е дел од мојата секојдневна рутина. Тоа ми е многу важно“, рече таа.

 

Слични објави

Оваа жена му е сѐ по сите животни загуби: Дарко Илиевски ја покажа убавата сопруга

msp-admin

(Фото) Порасна ќерката на Александар Белов, малата Мина е вистинска убавица

msp-admin

Џина Џиновиќ избега од Дубаи па објави сексапилно видео во мини бикини

apostolova

Дојдов дома во три и пол сабајле: Наум Петрески откри боемска приказна

msp-admin

„Дрон падна на 600 метри од зградата, сега почнувам од нула“: Ќерката на Ѓоле Ѓогани за ужасот во Дубаи

Еспресо

Хороскоп за 11 март: Девиците да избегнуваат ризични деловни одлуки, Скорпиите ќе започнат нова врска

Еспресо
Се вчитува....