9.8 C
Скопје
13:19 - 1 април, 2026

Џеф Безос го нападна Џо Бајден: не ги знаете законите на пазарот

Расправии на далечина меѓу Џеф Безос и Џо Бајден: овој пат кавгата се води на Твитер. Основачот на Амазон го критикува претседателот на САД за неговите изјави за инфлацијата и за цената на бензинот која незапирливо расте во Америка.

Овој пат Безос ги извади изјавите на американскиот претседател, кој побара од компаниите кои управуваат со бензинските пумпи да ја намалат цената на бензинот на начин „што мора да го одразува трошокот што го плаќате за производот“.

Реакцијата на Безос стигна веднаш, критикувајќи го Бајден и обвинувајќи го дека нема познавање на основните пазарни правила за понуда-побарувачка.

„Уф. Инфлацијата е премногу важно прашање за Белата куќа штом продолжува да дава вакви изјави“, напиша Безос на Твитер. „Тоа е или пренасочување или длабоко недоразбирање за основната пазарна динамика“, додава основачот на Амазон.

Одговорот на Безос се однесува на твитот на Бајден, кој нагласи дека „ова е време на војна и глобална опасност“ и затоа ги повика компаниите што управуваат со бензинските пумпи „да ја намалат цената на горивото“ и тоа да го направат „сега“.

Слични објави

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо
Се вчитува....