15:02 - 29 ноември, 2026

Дениз Ричардс и 18-годишната ќерка ќе се снимаат заедно разголени на платформа за возрасни: Чарли Шин не е воодушевен поради тоа

Ќерката на актерите Дениз Ричардс и Чарли Шин, Сами Шин, ја сподели веста на Only Fans за новата „семејна соработка“.

– Како што знаете, наскоро ќе снимам со мајка ми. Ако се јавите, ќе се погрижам да ви испратам посебно и слатко видео од нас две – напиша Сами на страницата за возрасни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by sami sheen (@samisheen)

Дел од фановите, судејќи по коментарите, се згрозени од тоа.

– Кој по ѓаволите го прави тоа со своето дете? Тоа е крајно непримерно – беше еден од коментарите на социјалните мрежи.

– Како мајка на две ќерки, ова ми е многу вознемирувачко. Ги сакам моите девојки но ова е толку одвратно – напиша друг корисник.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by sami sheen (@samisheen)

Но, славната мајка и нејзината миленичка не се грижат за коментарите. На последната фотографија која Сем ја објави во бикини, Дениз и коментираше:

– Те сакам и секогаш ќе те поддржувам во се што правиш.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Denise Richards (@deniserichards)

Иако мајката и ќерката си даваат поддршка, поранешниот сопруг на Денис и татко на Сами, Чарли Шин, жестоко се противи на неговата ќерка да ја користи платформата позната по разголените фотографии.

– Не го одобрувам тоа, но бидејќи не можам да го спречам, и реков да остане елегантна, креативна и да не го жртвува својот интегритет – рече актерот.

Пред да одлучат да ги здружат силите, Дениз и Сами имаа одделни профили на платформата. Дениз наплаќа 25 долари за месечна претплата, што е малку повеќе од нејзината 18-годишна ќерка Сами, чија месечна претплата е 19,99 долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Denise Richards (@deniserichards)

Слични објави

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.

Бившиот сопруг на Јована Јеремиќ сподели заеднички момент со ќерката Леа: „Дождливиот ден го искористивме за прошетка низ Белград со градски превоз“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ ја отвори душата пред полната Белградска арена: „Имаше лажни наслови и обиди да ме забранат, но вие ја исполнивте салата“

Е.А.

Научниците открија едноставна навика што го штити мозокот кај лицата со дијабетес тип 2, срцеви заболувања и преживеан мозочен удар

Т.Ц.

(Видео) Само на Балканот — Никола Роквиќ пееше, Наоми Кемпбел пушташе музика, а среде забава снемало струја!

К.С.

(Фото) Средба на две генерации македонски фолк-пејачки — Елена Велевска во прегратка со легендарната Блага Петреска

К.С.
Се вчитува....