24.8 C
Скопје
17:21 - 27 април, 2026

Дара Бубамара за својата интимна аудио-снимка што кружи на мрежите: „Ми завидуваат дека сум успешна мајка и имам убав дечко“

Дара Бубамара последните денови е во центарот на скандал поради аудио-снимка која доспеа во јавноста, а во која некому му прераскажува детали од својот интимен однос со маж кој не е познат за јавноста.

Пејачката со денови не се огласуваше по овој повод, иако беше активна на социјалните мрежи, а сега на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ го даде својот прв коментар и најпрво откри како се чувствува.

„Одлично, по сè што се случи се чувствувам одлично. За ова што се случуваше, му благодарам на Бога што добив голема поддршка од народот. Луѓето знаат колку сум добра и искрена и колку им верувам на луѓето. Многу им помагам на другите, ги финансирам и им плаќам сметки за струја, а на крајот некои од љубомора ми забиваат нож во грб. Работата секогаш се врти во моја корист, затоа што луѓето едноставно чувствуваат и знаат кој е добар“, изјави Дара.

Таа веднаш ангажирала адвокат кој работи на тоа да открие кој ја пуштил пораката во јавност.

„Знам кој е, мојот адвокат работи на тоа да се утврди како снимката стигнала до медиумите, бидејќи тоа е многу стара порака. Жалосно е, го храниш кучето за да те касне. Јас со години ги хранев, зборувам во множина бидејќи станува збор за едно цело друштво“, објасни таа.

Дара го спомена и својот сегашен дечко, истакнувајќи дека љубомората е главниот мотив за овој чин.
„Сите завидуваат на мојот живот. Јас сум успешна мајка, имам убав дечко… Луѓето се љубоморни, па наместо да работат, тие ги препраќаа моите пораки.“

Кога зборуваше за предавниците, таа ги спомена и кумовите, но и пријателите.

„Навикната сум, цел живот имам предавници меѓу пријателите, пријателките, кумовите… Едноставно, луѓето се многу лоши, што да ви кажам, адвокатот ќе го заврши тоа. Мило ми е што на крајот ја насмеав нацијата“, рече таа, а пренесува Телеграф.

На прашањето како реагирал нејзиниот дечко, Дара низ смеа одговори:

„Некогаш беше од четири до шест и пол, сега е многу подолго. Не е важно што рекла некоја Ружица од Бешка, туку што рекла Дара Бубамара.“

Слични објави

Анѓелка Стевиќ Жугиќ за животот по разводот: „Никогаш послатка, никогаш помлада“

Еспресо

(Фото) Жешко издание на Џеј Ло – пејачката ги истакна совршените стомачни мускули

apostolova

Заборавете на фарбање на израстокот секој месец: Техниката „френч блендинг“ прави чуда за седата коса

Т.Ц.

Укината двегодишната забрана за Аца Лукас – повторно може да настапува во Шведска!

Еспресо

(Фото) Ја отворија летната сезона во Грција – водителот Ненад ужива со семејството

Еспресо

Вистината за големиот хит на Лепа Лукиќ – денес сите ја пееме, но пред 30 години се одвивала драма околку таа песна

Еспресо
Се вчитува....