13.8 C
Скопје
14:34 - 22 април, 2026

Дара Бубамара за Карлеуша: „Не сакам ни име да ѝ спомнам!“

Дара Бубамара раскажа дека со Цеца се дружи 30 години и секогаш убаво се забавуваат кога се заедно, а од друга страна со Карлеуша не разговара.

„Јас сум своја личност и не е*ам жива сила“, вели Дара Бубамара. Пејачката во ексклузивното интервју за српски Информер одговараше на прашања за кариерата, плановите, семејството, емотивниот статус, но и за поранешната пријателка Јелена Карлеуша со која не разговара последните години.

На прашањето на новинарот на Информер во какви односи е со Јелена Карлеуша, Дара одговара:

„Не сакам да зборувам со неа, ни да ја спомнам! Животот ми  толку убав и за себе си направив се онака како што посакав за сега да се бавам со скандали или некого да го коментирам. Навистина нема потреба. Кога бевме млади и луди, се препукувавме јавно, а сега своето мислење и го чувам, а на сите им посакувам среќа“.

На прашањето каков е нејзиниот емотивен статус, таа вели дека е слободна и дека не е вљубена, а така ѝ е убаво.

„Сите ја сакаме таа состојба кога сме вљубени, да не се лажеме, но јас кога ќе се вљубам станувам луда. Сега сум фокусирана на работа и немам време за љубов, не ме интересираат мажи“, вели Дара и нагласува дека кога некој ќе ѝ каже дека е убава и негувана, таа му одговара дека тоа е така зашто нема дечко, па нема кој да ја нервира.

На прашањето пак, што мисли за денес многу популарната Александра Пријовиќ, Дара одговара – „секоја ѝ чест!“.

„Само некој кој е љубоморен може да зборува нешто лошо за неа. Девојката е преубава, песните ѝ се прекрасни, има многу хитови и се тоа го заслужила. Среќна сум поради неа, одлична пејачка е и успеа без скандали“, вели Дара за српски Информер.

(Фото) Дара Бубамара позира во автомобил од 150.000 евра, а во рацете држи две скапи „ситници“

 

Слични објави

(Видео) Карлеуша пристигна на суд: Откри зошто ја тужел поранешниот кошаркар Владимир Штимац

Еспресо

Мис Чарна Невзати со нова провокативна фотосесија потврди дека е вистинска кралица на стилот

Еспресо

(Фото) Ова е девојката на Кан Џиновиќ, Мелина не сака да слушне за него, а Харис го советува: „Жените се ловат преку ден“

Еспресо

(Фото) „Ти си воздухот што го дишам“: Џамбо Агушев со романтична приказна за сопругата

msp-admin

Емина Јаховиќ за разводот: „Кога останав сама со децата, сфатив колку е тешко“

Еспресо

(Фото) Миро Кацаров го покажа домот, опуштено со Миа и Тадеј

Еспресо
Се вчитува....