14:06 - 12 јули, 2026

Дара Бубамара за Карлеуша: „Не сакам ни име да ѝ спомнам!“

Дара Бубамара раскажа дека со Цеца се дружи 30 години и секогаш убаво се забавуваат кога се заедно, а од друга страна со Карлеуша не разговара.

„Јас сум своја личност и не е*ам жива сила“, вели Дара Бубамара. Пејачката во ексклузивното интервју за српски Информер одговараше на прашања за кариерата, плановите, семејството, емотивниот статус, но и за поранешната пријателка Јелена Карлеуша со која не разговара последните години.

На прашањето на новинарот на Информер во какви односи е со Јелена Карлеуша, Дара одговара:

„Не сакам да зборувам со неа, ни да ја спомнам! Животот ми  толку убав и за себе си направив се онака како што посакав за сега да се бавам со скандали или некого да го коментирам. Навистина нема потреба. Кога бевме млади и луди, се препукувавме јавно, а сега своето мислење и го чувам, а на сите им посакувам среќа“.

На прашањето каков е нејзиниот емотивен статус, таа вели дека е слободна и дека не е вљубена, а така ѝ е убаво.

„Сите ја сакаме таа состојба кога сме вљубени, да не се лажеме, но јас кога ќе се вљубам станувам луда. Сега сум фокусирана на работа и немам време за љубов, не ме интересираат мажи“, вели Дара и нагласува дека кога некој ќе ѝ каже дека е убава и негувана, таа му одговара дека тоа е така зашто нема дечко, па нема кој да ја нервира.

На прашањето пак, што мисли за денес многу популарната Александра Пријовиќ, Дара одговара – „секоја ѝ чест!“.

„Само некој кој е љубоморен може да зборува нешто лошо за неа. Девојката е преубава, песните ѝ се прекрасни, има многу хитови и се тоа го заслужила. Среќна сум поради неа, одлична пејачка е и успеа без скандали“, вели Дара за српски Информер.

(Фото) Дара Бубамара позира во автомобил од 150.000 евра, а во рацете држи две скапи „ситници“

 

Слични објави

Неделен хороскоп од 13 до 19 јули – големи комуникациски предизвици и емотивни пресврти

Т.Ц.

(Фото) Покрај фармата за свињи, Вељко Ражнатовиќ покажа што друго одгледува во Тител

Еспресо

Ана Николиќ откри како успеала да ослабе дури 50 килограми по бременоста

Т.Ц.

(Фото) Познатата холивудска актерка пристигна во Хрватска, позирала боса пред водопадот на Крка

Еспресо

Француски колач со јогурт – рецепт што им успева и на почетниците

Т.Ц.

Здравко Чолиќ откри со која девојка ја имал првата посериозна врска: „Тоа беше симпатија на прв поглед“

Т.Ц.
Се вчитува....