22.8 C
Скопје
14:35 - 28 септември, 2026

Дали ова е причината за смртта на познатиот српски фризер?

Познатиот белградски фризер Матија Радуловиќ, кој почина на Божиќ на 43-годишна возраст, беше погребан во петокот на градските гробишта во Ќуприја. Веста за неговата смрт длабоко ги потресе колегите и бројните обожаватели, а сè уште се шпекулира за причините за смртта на Радуловиќ.

Од тоа дека здравствените проблеми што довеле до трагичниот исход би можеле да бидат поврзани со интервенциите што Радуловиќ ги имал на лицето и телото во претходниот период, до сомневањето дека станува збор за сепса, наводно предизвикана од компликации со вилицата и забите, на кои Матија неодамна имал одредени операции, а на што посочил неговиот близок пријател Бранислав Радониќ Брендон. Сепак, точната причина за смртта сè уште е непозната, а резултатите од обдукцијата треба да дадат конечен одговор на прашањето што точно довело до оваа трагедија.

Како што истакнуваат експертите, иако причините за смртта сè уште се шпекулираат, важно е да се разбере дека игнорирањето на здравствените симптоми, особено оралните инфекции, може да има сериозни и опасни по живот последици.

Непосредно пред да му се влоши здравјето, Радуловиќ го прославил роденденот со блиски пријатели. Оние кои биле со него таа вечер тврдат дека ништо не укажувало на трагедијата што наскоро ќе следи.

– Голема тага. Мојот најдобар пријател беше на неговата роденденска забава. Беше насмеан, среќен и полн со планови. Славеа до зори. Зборуваше за проширувањето на бизнисот и новите проекти што планираше да ги започне. Пред тоа беше во Занзибар и тогаш се разболе. По враќањето во Белград, почувствува непријатност, но не обрна внимание на тоа сè додека не беше предоцна, за жал – изјавил изворот за локалните медиуми.

 

Слични објави

(Фото) Подгответе се навреме за поладните денови – во бутикот „Капитол“ во ГТЦ ве очекува новата машка есенска колекција

Еспресо

(Фото) Јордан Митев го крсти синот Кристијан на неговиот прв роденден: „Господ секогаш нека биде со тебе“

Еспресо

(Фото) Кој е 25 години помладиот Александар кој сè почесто е со Јелена Карлеуша? Таа тврди дека се само пријатели

Еспресо

Неделен хороскоп од 28 септември до 4 октомври: Секој ден пронајдете пет минути мир само за себе и опуштете се

Т.Ц.

(Фото) Нина Бадриќ во елегантно и заводливо издание – прошета по улиците на Париз во тесен црн фустан

Еспресо

Почина синот на пејачот Маријан Стојаноски: „Бог ми го даде и ми го зеде мојот син Петар“

Еспресо
Се вчитува....