9.8 C
Скопје
15:03 - 31 март, 2026

Д-р Витановска за актуелната состојба со омикрон: Паниката прави човек да не може ни да мисли

Сега е во оптек подвирусот омикрон, главно се манифестира со полесни симптоми. При појавување симптоми може да се земе парацетамол, витамини и, секако, повеќе течности.

Со доктор Ирена Витановска, специјалист по семејна практика, разговараме за новиот бран на коронавирусот.

Не очекувавме дека коронавирусот ќе земе нов замав и тоа токму летово. Како гледате на новиот бран, на што се должи и која варијанта на коронавирус е најактуелна сега во Македонија?

– Секое лето имаме вирусни инфекции. Така и коронавирусот станува сезонска инфекција. Сега е во оптек омикрон подвирусот. Летното мешање на луѓето и патувањата, придонесуваат за лесна зараза. Ништо невообичаено. Луѓето треба да се заразуваат и да имаат имунитет. Моментално, изолација е добра мерка, но подолготрајна изолација значи да немаме имунитет. Вакцините даваат пократок имунитет, додека оние што прележале коронавирус имаат подолг имунитет, дури и една дена.

Во што се разликуваат новите варијанти омикрон 4 и омикрон 5, актуелни во Европа, од оние што веќе ги видовме и „прележавме“?

– Полесни се во симптомите. Полесно се пренесуваат, но и даваат полесни симптоми. Сепак, сè зависи од имунитетот. Оттука, тоа е индивидуално.

Кои се симптомите на новите варијанти и кога треба да се реагира?

– Температура кај некои, не кај сите. Главно вирусот се манифестира со полесни симптоми. При појавување симптоми, може да се земе парацетамол, витамини и, секако, повеќе течности.

Колку психичкиот фактор, на пример, паника, страв и слично, влијае кај заболените од коронавирус на начинот на реакција и лекување?

– Многу, особено паниката. Паниката придонесува човек да не може ни да мисли. Да не знае дури дека треба еден парацетамол да се напие при покачена температура.

Најавена е четвртата доза за вакцинација, треба ли да го примиме и овој „бустер“ и во кои случаи?

– Сите возрасни луѓе можат да примат четврта доза.

Слични објави

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin
Се вчитува....