21:16 - 9 ноември, 2026

„Црвена јабука“ со голем концерт во Скопје во октомври

Сараевска група „Црвена јабука“ ќе одржи концерт во Скопје, на 10 октмври, во салата „Јане Сандански“.

Фронтменот Дражен Жериќ- Жера често изјавува дека му се радува на секое доаѓање во Скопје и во Македонија. Групата која по војната во Босна и Херцеговина делува од Загреб, е актуелна по преработката на „Ако умрам ил загинам“, легендарната песна на Јонче Христовски, која ја пеат низ цела поранешна Југославија и во дијаспората.

„Јабука“, во март одржаа два успешни концерти во Скопје, во Филхармонија, а на Илинден во клубот „Егоист“ во Охрид.

Она што е карактеристично е што не се менува препознатливиот имиџ уште на Жера од 1985 година, фризурата и „старките“ кои се обично црвени, но во Охрид носеше во бела боја.

Песните на „Јабука“, едноставните, но убави пораки за љубов кои Жера ги испраќа помеѓу песните ја одржуваат популарноста на бендот.

– Пред извесно време зборував во една емисија баш, дека имам околу 500-600 чифта старки. Како што времето поминуваше, се оженив, па дојдоа ќерките, мораше да се направи ред и во мојот плакар, па некои од колекцијата мораа надвор. Но, ги чувам уште сите, како колекција, во гаража. А инаку, првите си ги купив во Италија, во Трст, во осумдесетите. Заминав специјално за нив, а ги добив како награда, затоа што бев одичен ученик“, изјави тоаш Жера за „Еспресо“.

Влезниците се пуштени во продажба и истите може да ги набавите низ продажните места во мрежата на ticketx ширум државата и онлајн на ticketx.mk по следните цени од 800 до 1200 денари, во зависност од категоријата. Концертот го организира „Vibe“ продукција.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....