5.8 C
Скопје
21:00 - 20 февруари, 2026

(ВИДЕО+ФОТО) Цеца му пеела на МИЛИОНЕР од Швајцарија: Ја пречекале како кралица, а еве колку искеширал богаташот!

Цеца Ражнатовиќ минатиот викенд била специјална гостинка на роденденска забава на еден милионер од Швајцарија.

Станува збор за Тео Корач (31) со потекло од Црна Гора, кој со години живее и работи во Цирих. Бизнисменот организирал спектакуларен пречек за најголемата балканска ѕвезда. Таа во земјата пристигнала со авион, и тоа во бизнис класа, додека на аеродромот ја чекала луксузна лимузина. Била сместена во еден од најскапите хотели, во луксузен апартман.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝐅𝐀𝐍 (@cecanastasija)


Цеца на социјалните мрежи сподели како се забавува на приемот, но не и кај кого пее. Како што пренесуваат медиумите, Тео е голем обожавател на српската ѕвезда и имал желба токму таа да го разубави неговиот роденден. Забавата се одржала во познат ресторан во центарот на Цирих, и тоа за кремот на швајцарската, српската, хрватската и црногорската елита, пренесуваат српските медиуми.

Балканската ѕвезда својот настап го започнала во 23 часот, а точно на полноќ му го честитала триесет и првиот роденден и му посакала сѐ најдобро во животот. Кога го запеала хитот „Београд“, сите гости ги кренала на нозе, а славеникот постојано бил покрај неа и наздравувал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @cecaxanastasijaa


Тео Корач не се штедел за својот роденден, па прославата го чинела, како што тврдат негови познаници, повеќе од 100.000 евра. Цеца пеела еден час и потоа им посакала на гостите да продолжат да се забавуваат. Домаќинот ја испратил ѕвездата до врата и ѝ се заблагодарил што му ја збогатила прославата. Инаку тој на сите гости што дошле од поранешните југословенски републики им платил авионски карти и сместување.

Забавата траела до раните утрински часови.

 

Слични објави

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо

(Фото) Азис си стави силикони, па се огласи од болничкиот кревет: „Со текот на времето ќе се намалат“

Еспресо

Алиса Милано се прости со Ерик Дејн: „Имаше остар ум и сакаше да ги изненадува луѓето“

Еспресо

Ништо од свадбата! Мелина измислила дека се мажи за богат бизнисмен за да го изнервира Харис Џиновиќ

Еспресо
Се вчитува....