15:24 - 8 ноември, 2026

Цеца целосно ќелава во спот што никогаш не беше објавен: Еве зошто публиката не го виде

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ своевремено снимила музички спот во кој се појавила целосно ќелава, но видеото никогаш не било официјално објавено. Како што пишува српскиот портал „Блиц“, станува збор за спотот за дуетската песна „Време за љубав истиче“, што Цеца ја снимила со Оливер Мандиќ во 2007 година.

Иако песната брзо стана хит, а публиката имаше можност да види дел од видеото преку кратка најава, целосниот спот никогаш не беше објавен. Причината, според тогашните медиумски извештаи, била незадоволството на Мандиќ од конечниот резултат. Тој наводно сметал дека спотот не испаднал онака како што очекувал и не сакал да биде објавен.

Кога новинарите го прашале кога публиката ќе има можност да го погледне видеото, Мандиќ одговорил дека песната веќе има голем број слушатели и позитивни реакции.

„Сфатив дека многу луѓе не знаат дека песната „Време“ постои, а на Јутјуб има десет милиони прегледи и некои убави критики“, изјавил тој.

Иако спотот никогаш не ја доживеа официјалната премиера, приказната за него повторно го привлече вниманието на јавноста, особено поради необичниот изглед на Цеца, која за потребите на снимањето се согласила да се појави без коса.

Слични објави

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

(Видео) Тања Савиќ со свршеникот Муки и синовите отпатува на Малдивите: Еве како уживаат на луксузната дестинација

Еспресо

(Фото) Цеца настапи во спектакуларен костум од 7.000 евра пред 12.000 посетители во Бугарија

Еспресо

Може со години да го оштетува организмот без да почувствувате ништо — тивката опасност што го зголемува ризикот од мозочен удар

К.С.

Здравко Чолиќ за 45 минути пеење наплатил 45.000 евра, а имал и посебни барања за настапот

Т.Ц.

Дневен хороскоп за 8 ноември: Кој ќе ужива во љубовта, а кој ќе мора да се соочи со непријатни изненадувања?

Т.Ц.
Се вчитува....