13.8 C
Скопје
15:09 - 17 октомври, 2026

Чолиќ среде концерт ја здогледа првата љубов и веднаш ѝ пристапи – неговиот гест е главна тема на денот

Иако настапите на Здравко Чолиќ се секогаш спектакуларни, неговиот последен, трет концерт во Сараево, го одбележа спонтан гест кој предизвика посебни емоции. Чолиќ во еден момент се симна од сцената и се упати меѓу публиката за да ја поздрави познатата актерка Јасна Орнела Бери, неговата прва љубов од младоста.

Пејачот го насочи вниманието токму кон актерката со која беше во врска во седумдесеттите години во Сараево. Во знак на почит, Чолиќ ѝ пристапи и пред илјадници луѓе нежно ѝ ја бакна раката. Овој џентлменски потег и искрена реакција предизвикаа воодушевување кај публиката, а глетката на многумина ќе им остане во долго сеќавање.

Јасна за љубовта по речиси пет децении

Нивната врска во седумдесеттите беше тајна, а Јасна за неа првпат јавно проговори дури по 47 години. Таа објасни како се запознале и се заљубиле додека биле млади.

„Се запознавме многу млади, одамна. Одевме во Скендерија, во Домот на млади кој собираше таленти – таму немаше само музичари, туку и актери и сликари. Се дружевме и токму таму првпат се заљубив. Сите ние имаме први љубови и тој секогаш ќе има посебно место во моето срце. Особено затоа што тоа беше едно прекрасно искуство кое ќе го паметам цел живот“, изјави своевремено актерката за босанските медиуми.

Како што раскажа таа, нивните животни патишта подоцна се разделиле, а првпат по војната повторно се сретнале во Белград.

Слични објави

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо

Марија и Бојан од „Ај кју“ брзо ќе станат родители: Со мојата љубов и нашето бебе

Еспресо

(Фото) Трпезариските маси на Wood room сега се достапни по набавни цени

apostolova

„Почивај во мир, ангелу македонски“: Перо Камиказа откри како Тоше Проески му дошол дома и ги пеел песните на „Меморија“

К.С.

Го започнувате и завршувате денот со социјалните мрежи? Психотерапевтите предупредуваат на последиците по менталното здравје

К.С.

Јаде пет пати дневно, а слабее: Ова е режимот на исхрана со кој Душица Јаковљевиќ ослабе девет килограми

Е.А.
Се вчитува....