9.8 C
Скопје
14:43 - 31 март, 2026

Четврта операција за една година: Весна Бејби со солзи во очите се јави од болница

Фото/ Принтскрин јутјуб

Весна Петрушевска објави видео од болница и рече дека ќе оперира по четврти пат оваа година, откако лани откри дека имала рак на дојка.

-За овие година и пол сама си одам во болница, сама се враќам, свесно си докажувам себеси дека можам сама и ги избгенувам оние моменти на непотребни емотивни состојби.

Животот е тука за да нѐ научи да бидеме храбри, да се бориме и да научиме да бидеме сами, оти сами доаѓаме на овој свет, сами си одиме.

Нешто што е добро е тоа дека мораш  а ги освестиш работите кои ги правиш, а тоа е дека ако треба да направиш операција во животот и затоа што тоа е добро за твоето здравје, без исклулчок.

Единствено од кое што се плашам е игла, и одлучив на направам дневник. Не сум го правела ова и сакам да гои споделам со сите жени што се жртви на рак на дојка и имаат масектомија, поточо сите ние сме кастрирани на некој начин.

Не на некој начин, туку на најбрутален начин. И само да ве потсетам дека смртноста во Македонија од рак на дојка е 99 проценти, додека во Словенија е еден процент. Што значи дека ако го откриете на време ќе можете да се спасите и тој не е животно загрозувачки.

Следува постмасектомска фаза којашто јас ја направив по начелата на мојот пластичен хирург д-р Јасмина, која што ми кажа дека мора да се стави пластичен експандер за да се прошири месото на кожата, а потоа да може да се стави протеза…“, сподели познатата актерка со насолзени очи.

Фото/ Инстаграм

-И ете на сите кои сте во иста ситуација како мене да им порачам дека не сте сами. Многу е чуден патот кога се спремаш, затоа што ми е четврта опрација за една година, многу е чудно како сум веќе спокојна, полека се спремам, полека дишам, не оптеретувам луѓе околу себе за да кажам леле колку е тоа страшно.

Дури не ни кажувам, затоа што сметам дека тоа е работа која мораш сам да си преживееш и да не оптеретуваш луѓе околу себе“, рече Весна.

Потоа, Весна сподели видео од собата и рече дека ѝ дале супер соба и покажа што понела, а меѓу работите кој се со неа во болница е книга од Ведрана Рудан и слушалки за да слуша музика која ја опушта.

Фото/ Инстаграм

Слични објави

Дарко Лазиќ го одржа својот прв настап по трагедијата: „Тој не би сакал да престанам да пеам, а морам да издржувам три семејства“

Еспресо

Нина Бадриќ: Тешко е да градиш кариера без богат и моќен љубовник

E.A.

Теа Таировиќ за патот до славата: „Паднав во несвест пред концертот, а ми требаше двојно повеќе труд за да се докажам“

E.A.

Останавме исти: Александра Пановска-Илиевска искрено за љубовта со сопругот

msp-admin

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin
Се вчитува....