18.8 C
Скопје
01:46 - 20 август, 2026

Чарлс Трети по скандалот со скинатата чорапа, подели откази: Еве зошто се отпуштени двајца од Бакингемската палата

Филозофијата на Чарлс III е иста со децении: облеката не се фрла, туку се закрпува. Затоа што знае дека со поправка и рециклирање придонесува за една од причините што отсекогаш му биле најблиску до срцето: заштитата на животната средина.

Сепак, за се има граница. А „зелениот“ крал овојпат се изложи на глобален мајтап. Имено  британскиот печат го улови кралот со скината чорапа (при посета на џамија каде ги собу чевлите) и скандалот веднаш го преименуваше во „sock-gate“, „скандал на чорапот“.

Скинатата чорапа на кралот на радост на присутните фотографи – за неколку часа го обиколи светот преку социјалните мрежи – и донесе многу срам за кралот и неговата сопруга Камила.

Но кралот и кралицата не покажаа вознемиреност, и се преправаа дека ништо не се случило, па така ја продолжија својата посета пријателски разговарајќи со толпата насобрани луѓе и со одговорните во џамијата.

Но, сега извори од Бакингемската палата преку британскиот печат ставија до знаење дека „чорап-гејт“ не останал без последици: Чарлс и Камила, всушност, штотуку „отпуштија двајца од менаџерите на кралската гардероба“.

Отпрвин – да ја кажеме вистината – Бакингемската палата се обиде да ја претвори будалаштината со скинатиот чорап во вежба на доблест: Чарлс III не фрла ништо затоа што дури и на овој начин придонесува за спас на планетата. А всушност „алергијата“ на кралот на отпад е легендарна. Четириесет години тој носи исти мантили во камила нијасна и сè уште носи чевли Џон Лоб, што ги направи по мерка пред 53 години (повремено ги закрпуваат мајсторите чевлари на Сент Џејмс). .

Британскиот печат, меѓутоа, во последните денови забележа дека чорапот со дупка, особено ако е изложен од крал, ја преминува прецизната граница: онаа помеѓу доблестите против отпадот и лошиот вкус. И така, Чарлс – поттикнат според вообичаено добро информираната Камила, која веќе некое време сакаше да го освежи персоналот – реши да исфрли двајца стручни менаџери за грижа за облека на Бакингемската палата кои со децении беа во служба на Кралицата Елизабета. Зашто, како што читаме денес во британските медиуми, „дваесетгодишната јакна е во ред и златното правило дека кашмирот никогаш не се фрла, туку се поправа со алатка со која се полира Страдивариус, но не и дупката во чорапата“.

 

Слични објави

(Видео) „Пукна тиквата“: Девојката му раскина на Душко Тошиќ поради роденденот на Јелена Карлеуша

Еспресо

(Фото) „Кога ќе се спојат две „берби ’63“: Дарио сподели интересна приказна со Игор Џамбазов

Еспресо

(Фото) Сопругата на Биковиќ и ќерката на Чолиќ уживаа во ноќно излегување – се појавија во атрактивни модни комбинации

Еспресо

(Фото) Посебен ден во домот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ: Мајка му објави досега невидена фотографија од него

Еспресо

(Фото+видео) Евче покажа како си поминала на концертот на Кети Пери и Луис Капалди

Еспресо

(Фото) Вратете ја природата во домот со уникатниот мебел на Wood Room

Еспресо
Се вчитува....