15:05 - 10 ноември, 2026

(Видео) Жерар Пике со големо признание: „Клара Чиа ми избира облека, јас сум нејзина марионета“

Врската на Клара Чиа Марти и Жерар Пике не е тајна за никого, но досега не сме виделе поранешниот играч на Барселона да зборува детали за својата девојка – жената која важи за негативец на приказната меѓу Шакира и таткото на нејзините деца.

Жерар Пике во стрим со Ибаи Љанос од Кингс Лига открива дека има девојка, а таа е Клара Чиа, но тоа не е се, поранешниот фудбалер исто така признава дека неговата сегашна партнерка му ја избира облеката.

„Вистината е дека одам со девојка ми во продавница и таа купува за мене, знаете? Јас сум нејзина марионета“, прокоментира Пике, додека оние кои беа присутни во емисијата „прснаа“ од смеа.

Џон Нелис, тиктокер и инфлуенсер, го праша Жерар Пике конкретно за тоа која е најпознатата личност што ја има меѓу неговите контакти, а знаејќи ги личностите кои го делеле клубот со него, би било логично неговите познати контакти да се фудбалери или личности од различни области.

Затоа изненадување беше неговиот одговор.

„Можеби… би рекол… Шакира. Таа беше моја партнерка, може да биде таа. Мислам има следбеници, Инстаграм… Ако е некој што не е поврзан со фудбалот. Ако се работи за фудбал, Кристијано, тој е најследениот во светот“.

„Дали го имате бројот на Кристијано Роналдо?“ – праша водителот.

„Да“, одговори како од пушка Пике.

 

 

Слични објави

Здравко Чолиќ по девет години го објави новиот албум „Мечтаам и простувам“

Е.А.

(Фото) Како холивудска дива — Светлана Црнокрак во црна тоалета со откриени рамена на јубилејот на Карпош

К.С.

Зошто во ноември постојано сме уморни и без волја? Овие знаци можат да укажуваат на сезонска депресија

К.С.

Трета среќа – Игор Којиќ во тајност се ожени со избраничката која го носи неговото дете

Еспресо

(Фото) Аделина Тахири воодушеви во црн фустан со длабоко деколте и светкав детаљ

К.С.

Јелена Карлеуша проговори за Зоран Бирташевиќ: „Никој не се кара како нас“

Е.А.
Се вчитува....