19.8 C
Скопје
21:12 - 30 мај, 2026

Бритни Спирс мислела дека татко ѝ се обидува да ја убие: „Се надевам дека ќе гори во пеколот“

Бритни спирс во аудиоснимка што ја сподели на Твитер тврди дека нејзиниот татко Џејми се обидувал да ја убие додека ѝ бил старател од 2008 до 2021 година.

Таа се навраќа на трите снимања со магнетна резонанца на кои била подложена пред да биде испратена во установа за ментално здравје на почетокот на 2019 година: „Сето тоа немаше смисла. Не ја разбирав изолацијата , медицинските сестри, ампулите со крв, постојаната комуникација“, продолжи таа, истакнувајќи дека во тоа време мислела дека можеби се лекува од рак.

„Жива сум. Најтешко е да знаеш дека тие беа навистина лоши и навистина се чувствував како татко ми да се обидува да ме убие. И се надевам дека ќе гори во проклетиот пекол“, рече таа во аудиоснимката.

„Мојата желба е да го одведам татко ми на едно место, да му ја одземам колата, неговиот дом, неговата приватност. Да го натерам да седи седум дена во неделата од осум наутро до шест попладне на испитувања и луѓето да го третираат како научен експеримент, да му ја надгледуваат храна, да нема телефон, медицинскиот персонал да го следи додека се тушира ​​и облекува“, напиша таа, наведувајќи на што сѐ била изложена за време на лекувањето.

Нејзиниот татко Џејми негираше дека сторил нешто лошо, повторувајќи преку своите адвокати дека ја сака својата ќерка и дека постапувал во нејзин најдобар интерес.

Бритни често ги критикува своите родители, особено откако во јуни минатата година сведочеше на суд и тврдеше дека додека била под старателство на татако ѝ, меѓу другите наводи, ѝ било забрането да се омажи и да има деца. Џејми го загуби старателството пет месеци после тоа сослушување.

Потоа Бритни се омажи за Сем Асгари, а оваа година имаше спонтан абортус. Пејачката со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн има два сина, 17-годишниот Шон Престон и 16-годишниот Џејден Џејмс, кои ги нема видено долго време.

Слични објави

Дали го препознавате ова девојче? Денес е една од најатрактивните водителки

Еспресо

(Фото) „Најголемиот благослов“: Немања Гудељ со емотивна порака за роденденот на Анастасија Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Бутик „Прагма“ – омилен избор за жените кои сакаат впечатлив и софистициран изглед

apostolova

Анѓелка Прпиќ ослабела без гладување: Утрото го започнува со посебен пијалак, ова ѝ помогнало најмногу

Еспресо

„Бев смртно вљубена, а тој ме избегнуваше“: Мина Костиќ отворено за првата љубов

Т.Ц.

Сината месечина на 31 мај носи големи пресврти: Проверете што му подготвува на вашиот хороскопски знак

Т.Ц.
Се вчитува....