10:44 - 12 ноември, 2026

Меган Маркл за деновите кога била хостеса: „Воопшто не се чувствував паметно“

Пред снимањето на емисијата сите девојки се редеa во различни редици, за ставање трепки, екстензии или додатоци за градник. Секоја недела добивавме ваучери за солариум бидејќи постоеше многу јасна замисла за тоа како треба да изгледаме. Се работеше исклучиво за убавина, интелигенцијата не беше многу задолжителна, раскажа Меган Маркл за деновите кога била секси хостеса во ТВ-емисијата „Deal or no deal“.

Со таа работа се занимавала пред 16 години, а за тоа искуство зборуваше во нејзиниот поткаст „Архетипи“ со Парис Хилтон. Темата на разговорот беа предрасудите кон жените кои ги нарекуваат „бимбо“ или „глупави русокоси“, а Меган откри дека воопшто не се чувствувала паметно додека ги отворала актовките во шоуто облечена во секси облека. Но сепак, благодарна е за таа работа.

-На крајот дадов отказ. Благодарна сум за таа работа, но се чувствував ужасно, односно воопшто не се чувствував паметно – рече Маркл и додаде дека сака сосема поинакви работи за нејзината ќерка Лилибет.

–Посакувам мојата Лили да сака да се образува и да сака да биде паметна и да се гордее со тие работи – заклучи војвотката од Сасекс.

Инаку, Маркл неодамна откри дека како тинејџерка често одела во корејски спа-центар со нејзината мајка и дека ѝ било прилично непријатно да гледа жени на различна возраст без облека, и ги сметала тие моменти за понижувачко искуство. Тогаш таа призна дека големо влијание врз неа имале различните азиски култури.

-За оние кои никогаш не биле таму, тоа е многу понижувачко искуство за девојка која минува низ пубертет, затоа што сте во соба со жени од 9 до 90 години кои шетаат голи и чекаат да им ги исчистат телата на една од наредените маси. Јас сакав да носам костим за капење, но тоа не беше дозволено, раскажа Меган во една епизода од поткастот „Archetypes“, во која гостуваа Маргарет Чо и Лиза Линг.

По завршувањето на третманот мајка ѝ ја носела на највкусните тестенини зготвени на пареа и Меган ги гледала сите тие жени околу себе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Meghan Markle (@meghan_markle_page)

Слични објави

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.
Се вчитува....