13.8 C
Скопје
06:41 - 2 мај, 2024

БРАЈАН АДАМС И ЏОН БОН ЏОВИ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19: Морале да ги откажат своите настапи во последен момент!

брајан адамс, џон бон џови

Брајан Адамс морал да го откаже својот настап во чест на приемот на Тина Тарнер во „Rock and Roll Hall of Fame“ поради позитивен тест на ковид-19, а Џон Бон Џови морал да го откаже концертот во Мајами Бич поради истите причини.

Организаторите на церемонијата за прием во „Rock and Roll Hall of Fame“ морале да најдат замена за 61-годишниот Брајан Адамс, кој бил позитивен на ковид-19 пред планираниот настан за Тина Тарнер.

Адамс се повлекол од церемонијата во последен момент откако добил позитивен тест, потврди неговиот претставник за „Variety“ и „Billboard“. Адамс требало да учествува во изведбата на серија песни со H.E.R., Кристина Агилера и Мајки Гајтон. Тој и пејачката H.E.R. планирале да ја обработат песната „It’s Only Love“, неговиот дует со Тина од 1985 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ksea Cantonwine (@smalltowngirl1227)

Сите учесници на церемонијата „Rock and Roll Hall of Fame“ да покажат негативен тест за ковид-19, без оглед дали се вакцинирани или не. Адамс бил позитивен и бил принуден да го откаже својот настап и веднаш бил заменет од Кит Урбан.

Портпаролот на Адамс за „Variety“ и „Billboard“ потврдил дека канадскиот музичар бил целосно вакциниран против ковид-19 и дека немал никакви симптоми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bryan Adams (@bryanadams)

Џон Бон Џови непосредно пред да настапи во Мајами Бич, Флорида, дознал дека е позитивен на тестот за ковид-19, а во изјавата на неговиот портпарол за „NBC News“ и „Variety“ се вели дека 59-годишниот музичар ги примил двете дози од вакцината и се чувствува добро.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jon Bon Jovi (@jonbonjovi)

Рокерот требало да настапи на настанот наречен „Runaway With JBJ“ во хотелот „Loews South Beach“ и поради тоа направил брз тест за ковид-19, чиј резултат, за жал бил позитивен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jon Bon Jovi (@jonbonjovi)

Публиката веќе се собрала на местото на концертот кога било откриено дека Бон Џови е позитивен на коронавирусот, па на посетителите им било кажано дека пејачот нема да настапи но дека се чувствува „одлично“, додека членовите на бендот, кои биле негативни, останале на закажаната свирка.

Слични објави

(Фото) Синот на Драгана Мирковиќ го покажа станот: Каква луксузна трпеза!

еспресо

(Видео) Трча и ја гушка иконата! Никола Роквиќ откри колку пари собрал за само 10 дена од патувањето за Грција

Еспресо

Ужасен предлог: Милица Павловиќ низ солзи му се дерела на Саша Поповиќ

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ фати риба за која може само да сонува! Пејачот се пофали на социјалните мрежи

Еспресо

(Видео) Северина пееше во Дубровник, Новак Ѓоковиќ уживаше на концертот: Публиката во транс

Еспресо

Кога да ги миете прозорците пред Велигден: Не пропуштајте го овој ден

еспресо
Се вчитува....