08:33 - 28 ноември, 2026

Боки 13 го чека петта операција, се огласи мајка му: „Операцијата е за отстранување на липом, последица на претходни операции“

Водителот и шоумен Бојан Јовановски, во јавноста попознат како Боки 13, повторно оди на операција, пишува „пулсонлајн“.

Мајката на Боки, Јасминка, ја потврдила оваа вест.

– Да, тој е примен на клиника и се очекува да започне операцијата. Операцијата е за отстранување на липом, последица на претходни операции и се изведува на Државната клиника – истакнува Јовановска.

Ова е негова петта операција.

– Секоја операција си носи свој ризик со оглед на тоа што Бојан досега е опериран пет пати. За жал нема подобрување на неговата здравствена состојба, по оваа операција ќе мора соодветно да се лекува. Закрепнувањето ќе продолжи со оглед на тоа што лекарските препораки тоа го налагаат – додава Јовановска за „Скопје 1“.

Потсетуваме, Боки 13 беше уапсен во акцијата „Рекет“, а потоа осуден бидејќи наводно уценувал одредени моќни и влијателни луѓе во Македонија и од нив барал огромни суми пари, пишува српски „пулсонлајн“. Во 2020 година е осуден на девет години затвор во Скопје.

Со оглед на тоа што неодамна беше подложен на ризична операција, каде што му беа отстранети деведесет проценти од желудникот, здравствената состојба на Боки се влоши. Тој веднаш по излегувањето од затвор заврши во болница за што на големо се зборуваше не само во Македонија туку и во целиот регион.

Слични објави

Дневен хороскоп за 28 ноември: Заштитете ги вашите деловни интереси и прекинете контакт со несигурна личност

apostolova

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.
Се вчитува....