21:42 - 6 ноември, 2026

Благоја Чоревски и Магдалена прославија 50 години брак: „Една од најзаслужните за тоа што сум денес е мојата сопруга“

Легендарниот македонски актер Благоја Чоревски и неговата сопруга Магдалена Чоревска имаа голем повод за славење – 50 години брак.

За да ја прослават „златната свадба“ организираа прослава за семејството и блиските пријатели.

Магдалена Чоревска на социјалните мрежи сподели фотографии од прославата, како и честитка од блиска пријателка:

„Магде и Чоре… Среќна златна годишнина од брак. Ви посакувам уште многу заеднички години на љубов, среќа и радост.“

Исто така таа сподели и фотографија од свадбата, како и моменти од прославата на која опкружени од најблиските, го одбележаа својот златен јубилеј.

May be an image of polaroid and heart

Во една прилика, во гостување на Тв Сител Чоревски зборуваше за својата сопруга Магдалена, за децата и за внуките. Неговата постара внука Лина Чоревска е актерка во битолскиот театар и таму живее, а помалата внука Лина Тодоровиќ живее во Скопје.

„Сум ги поминал сите будалаштини, сега сум стабилизиран, но детето во мене сè уште постои. Еден од големите заслужни луѓе за она што сум денес, освен моите родители, е мојата сопруга- рече Чоревски.

Слични објави

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо
Се вчитува....