20:58 - 6 ноември, 2026

(Видео) Лудо е, но чувствувам дека е до мене: Наталија со емотивно видео посветено на Андреј од „ДНК“

Уште едно многу емотивно видео, објави Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на прерано починатиот Андреј од популарното дуо „ДНК“.

Таа на социјалните мрежи сподели исклучително впечатливо видео кое е инсерт од мини документарната серија на австралиската поп-ѕвезда Кајли Миног.

Кајли во видеото низ солзи зборува за нејзината најголема љубов, пејачот на групата „INXS“ Мајкл Хаченс кој почина во 1997 година.

„Тоа ќе звучи сосема лудо, но го почувствував како вели: ‘Во ред е. Ќе биде во ред.’ Секогаш чувствувам дека е со мене. Малку е лудо, но навистина е така. Можеш, можеш да имаш врски со различни луѓе, но некој што навистина верува во тебе толку многу.

Еве една важна работа, тој навистина не сакаше јас да бидам некој друг за него, воопшто. Ме охрабруваше да се откријам себеси“, вели Кајли Миног.

Андреј нè напушти на 16 март минатата година, по трагичниот настан во дискотеката „Пулс“ во Кочани, оставајќи ја јавноста и најблиските во неверување и огромна тага.

Овие зборови на светската ѕвезда очигледно силно одекнале кај Наталија, која го сподели видеото како симбол на сопствената болка, но и на бесмртната љубов кон својот сопруг.

Кајли Миног изјави дека Мајкл Хаченс, фронтменот на познатата група „INXS“, имал огромен влијание врз нејзиниот живот. Нивната врска се развивала кон крајот на осумдесеттите години и почетокот на деведесеттите, период кога Миног го градела својот имиџ како поп-ѕвезда, додека Хаченс веќе бил една од најхаризматичните рок-личности. Најголемиот дел од медиумите тогаш ја опишуваа нивната врска како спој на „совршената поп-принцеза и опасниот рокер“.

Миног открива дека Хаченс ја охрабрил да се оддалечи од „слаткиот“ поп-имиџ и да истражува нови предизвици во музиката и модата. „Тој ми ја откри уметноста, литературата и рок-културата, што трајно го проширило мојот поглед на животот“, рече Миног.

Поп-ѕвздата изјави дека во таа врска почувствувала слобода и разбирање.

Документарната серија наречена „Кајли“ има три епизоди. Првата епизода ги следи почетоците на Кајли Миног, од актерските денови до нејзиниот пробив на музичката сцена. Втората епизода се фокусира на нејзината музичка трансформација, приватниот живот и врската со Мајкл Хаченс. Третата епизода го прикажува нејзиниот светски успех, борбата со ракот и враќањето на сцената со настапот на Гластонбери.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Netflix UK & Ireland (@netflixuk)

Слични објави

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо

(Видео) Николија првпат проговори за тајната венчавка со Реља: Весна Змијанац не присуствувала на прославата

Еспресо
Се вчитува....