11.8 C
Скопје
20:55 - 17 октомври, 2026

(Фото) Погледнете како изгледаат бурмите на Тамара Калиниќ и моќниот Италијанец: Имаат посебна посвета, едната е напишана на кирилица

Најпознатата српска инфлуенсерка Тамара Калиниќ се венча викендов на езерото Комо, Италија, а за најсреќниот ден облекла дури четири венчаници – некои од нив ги носела и на забавата претходната вечер.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tamara Kalinic (@tamara)


И додека секој детаљ од свадбата на познатата инфлуенсерка и италијански моќник Филипо Теста привлекува внимание, некои детали можеби не сте ги забележале.

И самите бурми криеле многу личен детаљ. Од внатрешните страни се изгравирани потписите на младенците, додека на венчалниот прстен наменет за Филипо, потписот е напишан на српски јазик, со кирилица, како што пишува „Вог Адриа“.

Букетот од бели божури исто така криел мала тајна: меѓу цвеќињата се наоѓала една виолетова анемона, избрана како спомен на бабата на Тамара, пишува „Вог Адриа“.

Интересно е што инфлуенсерката смени неколку тоалети пред и на денот на свадбата. Прво, на коктелот за добредојде, таа носеше фустан од модната куќа Магда Бутрим, создаден по приближно 200 часа рачна работа во техниката на плетење со хеклање – почит кон нејзините балкански корени.

Потоа, на денот на свадбата, носела дури две тоалети, а сега на мрежите се појави фотографија од третата, за која не е познато дали е направена утрото пред свадбата или денот потоа.

Мини фустанот е посипан со кристали, а има впечатлива панделка на предната страна, а Тамара го комплетираше „изгледот“ со патент. Ова издание изненади многумина бидејќи не е нешто на што сме навикнати да гледаме од Тамара.

Слични објави

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо

„Ми ветуваше помош, па одеднаш го прекина контактот“: Пејачка бесна на Харис Џиновиќ раскажа сè за нивната комуникација

Е.А.

(Фото) Северина покажа како се опушта пред настап – ужива во костим за капење и очила за сонце како да е лето

Еспресо

Цел живот патиме една по друга: Тамара Тодевска откри емотивна приказна за сестра ѝ Тијана

Еспресо

По долги години во Америка, Александра Пилева навести враќање во Македонија: „Ќе се видиме наскоро“

Еспресо
Се вчитува....