21:50 - 17 мај, 2026

БИЗАРНО: Тревис Баркер објави интимна фотографија, обожавателите згрозени

корти кардашијан

Тапанарот на познатиот поп-панк бенд Блинк 182, Тревис Баркер, веќе некое време е во центарот на вниманието на јавноста поради врската со Кортни Кардашијан.

Тревис и Кортни се верени, но она што најмногу привлекува внимание се нивните фотографии на социјалните мрежи кои никого не оставаат рамнодушен, иако повеќето од нив се шокантни.

Музичарот на својот инстаграм-профил објави необична фотографија која предизвика лавина коментари. Голем дел од луѓето го обвинија дека го промовира својот фетиш пред целиот свет.

(ВИДЕО) СИ САКААТ БАЛКАН: Кортни Кардашијан, Тревис и нејзината ќерка играат на босанска турбофолк песна

Имено, Тревис на фотографијата ѝ ги бакнува стапалата на својата вереница, а на фотографијата се гледа дека и двајцата носат идентични пижами со леопард принт.

„Сè што сакам за Божиќ си ти“, напиша Тревис во описот на фотографијата.

Ова не е првпат 46-годишниот тапанар да признае дека го фасцинираат стапалата на познатата убавица. Во неколку наврати споделува фотографии од нејзините стапала, а во една прилика ги нарече „ангелски“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by travisbarker (@travisbarker)

И додека оваа по малку бизарна фотографија собра половина милион лајкови за кратко време,
но во исто време предизвика и „гадење“ кај голем дел од јавноста.

Имено, голем број обожаватели на познатата двојка им замеруваат дека претеруваат со своите изливи на нежности на социјалните мрежи и дека ја преминуваат границата на добриот вкус.

Речиси и да нема фотографија, на која најстарата сестра од кланот Кардашијан и Тревис не се гушкаат, бакнуваат или разменуваат страсни допири.

(ВИДЕО+ФОТО) ВЕРЕНИЧКИ ПРСТЕН СО ОГРОМЕН ДИЈАМАНТ: Тревис Баркер на плажа со илјадници рози ја побара раката на Кортни Кардашијан

„Можат да го прават сето ова во четири ѕида, но тоа не е опција за нив, копнеат да ги видат сите“,
„Ова е одвратно“, „Сè што прават почнува да изгледа како маркетиншки трик, а не како вистинска љубов“, „Стануваа поодвратни од ден на ден“, „Дали овие двајца имаат граница?“, „Толку се одбивни“, „Мило ми е што се среќни, но дефинитивно треба да поработат на приватноста“, „Да кренат рака сите што им се гади од овие двајца“, се само дел од коментарите.

Да потсетиме, на 17 октомври Тревис Баркер ја запроси Кортни. Сè се случило на плажа на хотел во Монтесито, Калифорнија, а судејќи по фотографиите, се било многу романтично. Со звукот на брановите и многуте рози и свеќи на плажата, познатиот тапанар го постави судбоносното прашање, а Кортни рекла „да“, за првпат во животот. Таа има три деца од врската со Скот Дисик, но
тие никогаш не биле во брак.

Слични објави

Во Холивуд сѐ погласно се шепоти за нова романса – дали Памела Андерсон и Том Круз се во врска?

Т.Ц.

Јелена Томашевиќ им се обрати на девојките од „Лелек“ откако од српското жири добија 0 поени

Т.Ц.

(Видео) Рејчел Мекадамс уживаше во кафуле во Белград — што бара актерката во Србија?

Еспресо

(Видео) Ја прашаа Дара дали знае која е Дара Бубамара, нејзиниот одговор ќе ве насмее

Еспресо

Мажите „полудеа“ по Дара, но нејзиното срце го освои ценет доктор — ова е сопругот на евровизиската победничка!

Еспресо

Бугарката Дара неодамна ја испеа „Лане моје“ со Жељко Јоксимовиќ, вчера тој прв ѝ честиташе

Еспресо
Се вчитува....