15.8 C
Скопје
00:35 - 22 октомври, 2026

Бен Афлек конечно откри зошто е секогаш лут и безволeн на фотографиите: „Луѓето проектираат нешто на мене што јас воопшто не го чувствувам“

Човекот кој повеќе го поврзуваат со мемињата на социјалните мрежи или со врската со Џенифер Лопез отколку со добрата глума, конечно ја откри причината за неговите познати изрази на лицето на папарацо фотографиите.

Тој со години е личност број еден на интернет поради неговите лути, тажни или безизразни лица кои станаа тема на шеги.

Сега тој конечно објасни зошто е тоа така, за време на премиерата на четвртата сезона на ток-шоуто на Кевин Харт „Hart to Heart“.

„Јас сум малку срамежлив“, призна Афлек. „Исто така, не ми се допаѓа многу внимание. Затоа луѓето ме гледаат и се прашуваат: „Зошто овој човек е секогаш лут?“ Затоа што некој ми ја залепил камерата во лице, а јас си велам: „Во ред, еве сме пак“.

Таа фрустрација е подигната на друго ниво кога Афлек е фотографиран со децата.

-Не ми пречи, можеш да ме сликаш во клуб или на премиера, со сопругата Џенифер Лопез, не ми е гајле. Еве, слободно. Не те забележувам. Но, со моите деца, тоа е поинаква работа.

Актерот, исто така, истакна дека онлајн-реакциите на неговите изрази на лицето често не е точен одраз на тоа како тој всушност се чувствувал во тоа време, додавајќи: „Луѓето проектираат нешто врз мене што јас воопшто не го чувствувам“.

Слични објави

(Видео) Сулејман и Хурем повторно заедно – Халит Ергенч и Мерјем Узерли се појавија на премиера на филм држејќи се за раце

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ објави фотографија со покојниот брат и ги растажи сите: „Таа рана никогаш не зараснува“

Еспресо

(Видео) Николија и Реља се венчаа во тајност – по 12 години љубов и две деца го кажаа судбоносното „да“

apostolova

Јелена Карлеуша итно отпатувала кај ќерките во Милано: Се загрижила за нивната безбедност по немирите

Еспресо

Видео кое ги топи срцата – Кнез си игра со внуката, ќерка му Ксенија ги снима

Еспресо

Јована Јеремиќ откри како сака да биде погребана: „Ќе има забава, не сакам да ме оплакуваат!“

Еспресо
Се вчитува....