23:20 - 7 ноември, 2026

Бајден потпиша за Џорџ Клуни, Лејди Гага, Џенифер Гарнер – ќе даваат совети во Белата куќа

џорџ клуни

Џо Бајден потпиша указ за назначување неколку познати културни дејци за членови на Комитетот за уметност и хуманитарни науки при претседателот на САД.

Како што се наведува во соопштението, копретседатели на комитетот ќе бидат пејачката Лејди Гага и продуцентот Брус Коен. Двајцата се добитници на многу награди како Оскар. Гага е добитничка на 13 награди Греми, таа ја пееше американската химна на инаугурацијата на Бајден во 2021 година.

Коен соработуваше со администрацијата на Барак Обама, помагајќи на тогашната прва дама Мишел Обама на проект за поддршка на семејствата на војниците и ветераните. Леди Гага има добиено 13 награди „Греми“.

Останати именувани членови на Комитетот се актерите Џорџ Клуни и Џенифер Гарнер, музичарот Џон Батист, Констанс Керол, претседател на Асоцијацијата на дипломци од општинските колеџи на Калифорнија. Потоа, Филип Делориа, професор по историја на универзитетот Харвард, Нора Халперн историчарка на уметноста и куратор на многу авторски проекти.

Претседателскиот Комитет за уметност и хуманитарни науки е формиран во 1982 година како консултативен совет при Белата куќа, „за развој на уметничкото и хуманитарното образование, културна дипломатија и креативни индустрии“.

Во 2017 година Комитетот привремено запре со работа во знак на протест против Доналд Трамп, откако некои членови го критикуваа тогашниот претседател за попустливосткон протестите на екстремната десница и повикаа негова оставка.

Работата на Комитетот беше обновена од Бајден во 2022 година.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....