04:47 - 28 ноември, 2026

(Фото) Азис објави прва фотка од сопругот по венчавката во САД

Популарниот бугарски пејач Азис на Инстаграм сподели дека официјално се омажил во САД, а за првпат го покажа и својот сопруг. На фотографијата се гледаат рацете на двојката со идентични бурми, а Азис напиша:
„Штотуку венчани, ти благодарам Америка!“

Со новата објава, тој ја откри и личноста на својот избраник, кој според униформата што ја носи, се чини дека работи работи работа поврзана со медицината. Парот е фотографиран на Флорида, од каде што Азис во последно време активно споделува моменти од својот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Azis Online (@azis_online_new)

Инаку, ова не е прв брачен обид на Азис. Тој зад себе има истополов брак со Ники Парванов, познат како Ники Китаец. Венчавката се случила на 1 октомври 2006 година, но бидејќи истополовите бракови не се признати според бугарскиот закон, брачната заедница не е легално регистрирана. Парот се раздели во 2008 година.

Азис е и горд татко на три деца. Првата ќерка, Раја, ја доби со својата најдобра пријателка Гала преку асистирано оплодување во 2007 година. Потоа, двојката со Гала доби уште една ќерка и син, за што Азис зборуваше и во шоуто на Цеца.

Со новиот брак, Азис започнува нов животен поглавје, а фановите со нетрпение го следат на Инстаграм за повеќе детали од неговото секојдневие.

 

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....