0.8 C
Скопје
17:32 - 22 декември, 2024

НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ: Античка ДНК открива досега непозната група луѓе

Според новото истражување, оваа конкретна човечка лоза никогаш не била пронајдена на друго место во светот, а студијата е објавена во списанието „Nature“.

Коските на тинејџерски ловец-собирач, кој починал пред повеќе од 7.000 години на индонезискиот остров Сулавеси, ја откриваат приказната за досега непозната група луѓе, пренесува „Си-Ен-Ен“.

„Ја откривме првата древна човечка ДНК во островскиот регион помеѓу Азија и Австралија, позната како „Валаси“, која дава нови сознанија за генетската разновидност и историјата на популацијата на раните модерни луѓе во овој малку познат дел од светот“, вели коавторот Адам  Брум, професор по археологија во Австралискиот истражувачки центар за човечка еволуција на Универзитетот Грифит.

Првите модерни луѓе ги кориселе островите Валаси, кои главно ги вклучуваат индонезиските острови Сулавеси, Ломбок и Флорес, за да преминат од Евроазија на австралискиот континент пред повеќе од 50.000 години, веруваат истражувачите.

Сепак, точната рута или начинот на кој тие се движеле, не се познати.

„Сигурно го направиле тоа користејќи релативно софистицирани пловни објекти од одреден тип, бидејќи немало копнени премини меѓу островите“, рече Брум.

Алатките и пештерските слики сугерираат дека луѓето живееле на овие острови пред 47.000 години, но фосилните записи се ретки и древната ДНК се распаѓа побрзо во тропските клими.

Меѓутоа, во 2015 година, истражувачите откриле скелет на жена на возраст од 17- 18 години во пештера во Сулавеси. Нејзините остатоци биле закопани во пештера пред 7.200 години, и биле дел од тоалеанската култура, пронајдена само во југозападниот дел на Сулавеси.

„Тоали“ е името што археолозите го дадоа на прилично загадочната култура на праисториски ловци и собирачи кои живееле во пошумените рамнини и планини во Јужен Сулавеси пред околу 8.000 години до околу петтиот век од нашата ера “, рече Брум.

Фото: pixabay

Младиот тинејџерски ловец-собирач е првиот претежно целосен и добро сочуван скелет поврзан со тоалеанската култура, рече Брум. ДНК-та на младата жена покажа дека таа е потомок на првиот бран модерни луѓе кои влегле во Валаси пред 50.000 години.

Ова беше дел од почетната колонизација на „Голема Австралија“, или комбинираната копнена маса на Австралија и Нова Гвинеја.

„Ова се предци на денешните домородни Австралијци и Папуанци“, рече Брум.

Исто така, се покажа дека најстариот геном открил нешто друго – дотогаш непознати антички луѓе.

Беше откриено дека тинејџерката го споделува своето потекло со посебна група луѓе од Азија, кои веројатно пристигнале по колонизацијата на Голема Австралија – бидејќи современите домородни Австралијци и Папуанци, според Брум, не го делат своето потекло со оваа група.

„Претходно, се мислеше дека луѓето со азиски гени за првпат влегле во Валаси пред околу 3.500 години кога земјоделците од неолитскиот Тајван зборувале австронезиски и ги преминале Филипините во Индонезија“, рече тој.

Ова сугерира дека во овој регион, според Брум, можеби постоела посебна група модерни луѓе за кои досега немавме идеја, бидејќи археолошките локалитети се толку ретки во Валаси, а античките скелетни остатоци се ретки. Нејзиниот геном, исто така, понуди поим за мистериозна и изумрена група луѓе, познати како Денисовани.

Слични објави

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Луна и Марко открија колку заработуваат од Јутјуб: „Доволно за еден луксузен стан во Белград!“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ му се обрати на својот татко со низа трогателни пораки: „Сите ќе умреме! Ако ме нема утре, напишав историја“

Еспресо
Се вчитува....