13:48 - 12 ноември, 2026

ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР: „Кралот“ на порничите обвинет за 30 точки сексуален напад

рон џереми

Филмската ѕвезда Рон Џереми, познат од филмовите за возрасни е обвинет за силување и злоставување по повеќе од 30 точки. Претходно беше објавено дека му се заканува доживотна казна затвор. Има повеќе од 20 жртви, а една од нив била малолетна и имала помалку од 15 години во моментот на нападот.

Според „Ноиз“, деталите за обвинението се вознемирувачки бидејќи меѓу повеќе од 30 точки може да се видат врзување жртви пред брутално силување, принудни односи со малолетници или лица кои се во несвест, пенетрација со туѓ предмет, насилна содомија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 1059JAM THA BASEMENT (@1059jam)

Наводно, 15- годишната девојка била сексуално злoставувана на забава северно од Лос Анџелес во 2004 година. Многу други инциденти, наводно, се случиле во бар во Западен Холивуд, се вели во соопштението.

Џереми (68) се изјасни за невин, а минатата година, кога беше уапсен, доби кауција од 6,6 милиони долари. Во тоа време, тој беше обвинет за „само“ три напади и веќе му се закануваше доживотен затвор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by æstetic (@apnesethesthetique)

Сега, откако е осуден по 30 точки, му се заканува максимална можна казна од 330 години затвор.

Слични објави

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova
Се вчитува....