15:23 - 1 април, 2026

Анџелина Џоли е старателка на 6-те деца, во какви односи се тие со татко им, Бред Пит?

Кавгите помеѓу Бред Пит и Анџелина Џоли продолжуваат и иако актерката го доби целосното старателство над нивните 6 деца, се чини дека односите меѓу ѕвездата на Bullet Train – Бред Пит, и неговите момчиња не се толку лоши како што се мислеше.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zahara Jolie Pitt (@zaharajp)

Извор близок до парот вели: „Бред вечера со своите помали деца кога сите се во Лос Анџелес. Бидејќи децата сега се постари, тие имаат свој живот и свои пријатели, но Бред сè уште има добри односи со нив“.

Во реалноста, ситуацијата изгледаше многу поинаква. Медокс сведочеше против Бред Пит на долгото судење меѓу родителите и придонесе да се стави дефинитивен крај на најозборуваната љубовна приказна во Холивуд. И иако сè уште легално го носи презимето на неговиот татко, неколкукратно Медокс изразеше желба да не го користи.

Да потсетиме, во минатото, Џоли го обвини нејзиниот поранешен сопруг за семејно насилство и кон него и кон нивните 6 деца и поради оваа причина, момчињата со текот на годините сакаа што повеќе да го ограничат секој облик на дружее со актерот, добитник на две награди Оскар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zahara Jolie Pitt (@zaharajp)

Односите меѓу Бред Пит и неговата поранешна сопруга сега повторно изгледаат затегнати откако Џоли ги продаде своите акции во Шато Миравал на странска компанија која има блиски врски со познат руски олигарх. Иако сè уште се водат некои правни битки, Џоли и Пит – најмногу поради децатаѕа – се согласуваат(барем во јавноста) да соработуваат во целосна хармонија, па така на 6те деца да им гарантираат што е можно помирна иднина. Којзнае дали ќе успеат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zahara Jolie Pitt (@zaharajp)

Слични објави

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova
Се вчитува....