02:08 - 10 ноември, 2026

Ана во одбрана: Цеца ја промовира македонската музика и стоеше и со македонското знаме

По скандалот со концертот на Цеца во Велес, откако пејачката се завитка во бугарско знаме и беше исвиркана од публиката, лавина од коментари се појавија на социјалните мрежи, а еден од нив вели:

„Жал ми е… Искрено ми е жал што Цеца вака беше дочекана од Македонците. За секој убав збор што го има изговорено за нас, за сите македонски песни што со љубов ги пееше, за поддршката што му ја даваше на Никола Станишиќ и што му помогна да стане победник сега вака да ѝ се врати, е навистина срамота.

Нашата земја не ја продаваат уметниците или народот, туку понекогаш дел од политичарите мислат и сакаат нешто сосема поинакво. Не треба да ја осудуваме целата нација поради постапките на неколку луѓе.

Цеца секогаш со љубов ја промовира македонската музика. Таа постојано ја поддржуваше кариерата на Никола, го охрабруваше да пее македонски песни и му помогна да стане победник. Кога Никола ја доби наградата, Цеца стоеше со македонско знаме како знак на почит кон нашата земја.

Важно е да се истакне дека знамето од Бугарија не било донесено од Цеца, туку ѝ го дале фанови од публиката како знак на почит. Секој може да направи грешка, но тоа не треба да биде причина за омраза кон артисти кои со години ги слушаме и ги сакаме нивните песни.

Музиката и уметниците отсекогаш биле мост меѓу културите, а не поле за политички конфликти. Нека нашата љубов кон музиката и уметноста биде поголема од политичките недоразбирања.

Да не мешаме политика со уметност и да почитуваме секој што ја промовира Македонија на најдобар можен начин“, напиша на Фејсбук Ана Снежана Абаз.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....