16.8 C
Скопје
13:54 - 18 октомври, 2026

Ана Окса и млада пејачка се „фатиле за коси“ на Сан Ремо: „Летаа чаши и навреди зад сцената“

Гласините за кавгата меѓу двете пејачки се раширија како шумски пожар вечерта во четвртокот на 9 февруари, само неколку минути од преносот во живо на Раи1.

Синоќа, непосредно пред почетокот на третата вечер на италијанскиот прочуен фестивал Сан Ремо (на кој се избира песна за Евровизија), на социјалните мрежи почна да кружи вест според која две пејачки на натпреварот жестоко се расправале.

Во почетокот не се споменуваа имиња, беа објавени само иницијали. Подоцна, сепак, се сфати дека станува збор за пејачката Мадам (која настапи синоќа) и Ана Окса (која настапи на првата фестивалска вечер).

Двете жени жестоко се скарале зад сцената, а според повеќе италијански медиуми „летале чаши“ и паѓале страшни навредливи зборови. Кавгата се разгорела поради различни ставови за ковид вакцините и за некакви лажни „зелени пропусници“.

Неколку часа по завршувањето на третата Фестивалска вечер, следуваа демантите. Извори блиски до телевизијата Раи негирале дека голем спор имало зад сцената. Дури и тимот на Мадам веднаш интервенираше за да се обиде да ја расветли оваа приказна која веднаш ги фасцинираше сите.

За да се стишат гласините за „тепачка“ кои силно одекнаа (негативно) во јавноста, секако и да се спаси имиџот на младата пејачка Мадам, нејзиниот тим стави до знаење дека таа многу ја цени и пред се ја почитува Ана Окса. Потоа додаде дека тие две навистина не се запознале зад сцената и не се ни познаваат воопшто.

Извори блиски до Окса, пак, утрово прецизираа дека ниту таа никогаш не ја запознала Мадам. Се огласи и менаџерката на Окса која исто така негираше дека имало случка зад сцената.

Инаку и двете пејачки се натпреваруваат меѓу 28-те иведувачи на Сан Ремо 2023.

 

Слични објави

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо
Се вчитува....