11.8 C
Скопје
07:02 - 30 септември, 2026

Актерката Дениз Ричардс и нејзиниот сопруг биле мета на напад од огнено оружје

Актерката Дениз Ричардс и нејзиниот сопруг Арон Пајперс се најдоа на улица за време на пукање во Лос Анџелес. За среќа и таа и нејзиниот сопруг се спасиле без повреди.

Ричардс, се упатила кон ТВ студиото со нејзиниот сопруг, кој забавил додека барале паркинг на улица, во тој момент возачот што поминувал почна да пука од огнено оружје. За инцидентот прв извести ТМЗ, а подоцна претставничката на актерката потврди дека Дениз и нејзиниот сопруг биле вмешани во пукањето, но не се повредени.

Сопругот на актерката бил зад воланот и имал проблем да го најде студиото до кое ја возел Дениз на  снимње филм. Возачот зад него се изнервирал од неговата неодлучност и почнал да вика, а потоа пукал во автомобилот со Дениз и нејзиниот сопруг.

ТМЗ соопшти дека полицијата била повикана откако некој во студиото забележал оштетување од огнено оружје на „форд шелби“ Ф-150, но не е јасно дали некој отишол на местото на настанот за да се направи записник.

Полицискиот оддел во Лос Анџелес, кој е надлежен за подрачјето на студијата, соопшти дека нема евиденција за таква пријава и дека не е во тек никаква истрага, пренесува „Ен-би-си“.

Претставник на државната патрола на Калифорнија, која ги обработува повиците на 911 од и во близина на автопатите, рекол дека не можел да го најде записот за таква пријава. Портпаролот на на шерифот на округот Лос Анџелес, чии заменици ја разгледуваат областа, вклучително железничките и автобуските линии на јавен превоз, го рекол истото.

ТМЗ објави фотографија од задниот дел на возилото на која се гледа оштетување од куршуми.

Инаку, Дениз Ричардс е поранешна сопруга на актерот Чарли Шин.

Слични објави

Малкумина знаат дека мајката на Реља Поповиќ била позната уметница: по смртта на татко му се омажила за славен актер

Еспресо

Тигар направи необичен договор со ќерката на Јована Јеремиќ: „Ако ѝ пријде маж, јави ми се“

Еспресо

Од рок-барот во Скопје до животот во Чикаго: Љубовната приказна на Александра Пилева и Зоран Чадиев

Еспресо

(Фото) Николина Пишек за 8.000 евра месечено ѝ ја изнајмува вилата во Загреб на познатата инфлуенсерка Морана Мамиќ! 

Еспресо

(Фото) „Среќно семејство“: Нивес Целзиус позираше во прегратките на новата девојка на бившиот сопруг

Еспресо

(Видео) Руслана ја отпеа „Лане моје“ во Србија, нејзината изведба предизвика потсмев: „Сите што полудеа, дојдоа кај нас“

Еспресо
Се вчитува....