22:20 - 29 ноември, 2026

Ако победи Путин, сите ќe платиме многу висока цена – Столтенберг бара поддршка за Украина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска ги повика членките на Алијансата да продолжат да и помагаат на Украина, бидејќи ако и се дозволи на Русија да победи, сите ќе платат висока цена.

– Ако дозволиме Путин да победи, сите ќе мора да платиме многу повисока цена. Авторитарните режими ширум светот ќе научат дека можат да го добијат она што го сакаат со брутална сила, рече Столтенберг на седницата на Парламентарното собрание на Алијансата, што се одржува во Мадрид.

Тој, исто така, посочи дека сојузниците во НАТО мора да бидат подготвени да ја поддржат Украина на долг рок.

– Да, знам дека оваа поддршка има цена. Во нашите земји, многу луѓе се соочуваат со криза на трошоците за живот. Сметките за енергија и храна растат. Ова се тешки времиња за многумина, нагласи Столтенберг, се вели во соопштението на НАТО.

Тој додаде дека цената што ја плаќаат НАТО-сојузниците се мери во пари, додека Украинците ја плаќаат со крв.

Говорејќи за можноста за проширување на НАТО алијансата, Столтенберг рече дека „дојде време да се финализира процесот на пристапување на Финска и Шведска како полноправни членки на Алијансата“.

– Тоа ќе ја направи НАТО алијансата посилна, а луѓето во тие земји многу побезбедни, заклучи Столтенберг.

Тој нагласи и дека зголемувањето на инвестициите во одбраната на членките ќе биде важна тема на самитот во Вилнус следната година.

Столтенберг очекува сојузниците да ги зголемат буџетите за одбрана бидејќи, како што рече, „два проценти од БДП за инвестиции во одбраната треба да се сметаат за долната, а не горната буџетска граница“.

Слични објави

Саша Ковачевиќ за првите денови од татковтвото: „Нема место за паника, тоа се природни работи, а сега самите се грижиме за бебето“

Е.А.

Сергеј Ќетковиќ ги загуби двајцата родители за само неколку дена: Татко му беше познат спортист, го почитуваше цела поранешна Југославија

apostolova

(Фото) Дарко Лазиќ ја украси елката од подот до таванот во луксузната вила: Сопругата откри каква желба имал пејачот, сè е преполно со луксуз

Еспресо

Азис бара професионален тим за нега на својот луксузен автомобил: „Потребно е лично да дојдат и да му посветат посебно внимание“

Е.А.

Неделен хороскоп од 30 ноември до 6 декември: Пристигуваат големи промени и долгоочекувани можности

Т.Ц.

Рада Манојловиќ: Велеа дека сум паднала од коњ на магаре зашто пеам под шатори, а од каде падна Наоми Кембел во шаторот на Јахорина?

Т.Ц.
Се вчитува....