08:09 - 17 февруари, 2026

АКИ РАХИМОВСКИ ЌЕ БИДЕ ПОГРЕБАН ВО ЗАГРЕБ: Со сопругата со години живееле во Словенија

аки рахимовски

Иако последните години живееше во Словенија со својата невенчана сопруга Барбара, Аки Рахимовски ќе биде погребан во Загреб.

Како што дознава „Вечерњи“ од извори блиски до семејството, погребот најверојатно нема да биде пред средината на следната недела, затоа што ситуацијата со коронавирусот дополнително ги комплицира работите.

СИ ЗАМИНА АКИ РАХИМОВСКИ, МАКЕДОНСКО-ХРВАТСКИ ПЕЈАЧ: За малку нежност, можам да заспијам!

Имено, официјалната причина за смртта на Аки ќе биде позната дури по обдукцијата, а пред да се случи тоа е речиси невозможно да се планира нешто конкретно.

Прашање е како ќе изгледа се со оглед на бројот на заразени со коронавирусот, па не се препорачуваат поголеми собири.

ПРИЈАТЕЛИТЕ И КОЛЕГИТЕ НА АКИ РАХИМОВСКИ СЕ ЗБОГУВААТ СО НЕГО: Бајага порача „Аки не исчезна во нашите срца, ниту во срцата на луѓето кои ја сакаат неговата музика“

Сигурно ќе има голем број пријатели, но и фанови кои ќе сакаат за последен пат да се простат од легендарниот пејач.

Да потсетиме, Аки пред неколку дена беше опериран и му биле вградени четири стента во една загрепска клиника. Сите околу него верувале дека ова е крајот на сериозните здравствени проблеми.

ШТО И ДА САКАМ, СЕ Е ТАКА ДАЛЕКУ: Ова се најубавите песни од Аки Рахимовски

Затоа Аки се вратил во Словенија, но судбината, за жал, одлучила поинаку и тој починал вчера во Ново Место, Словенија .

Причината за смртта сè уште не е официјално позната, но Аки и претходно имал здравствени проблеми.

Слични објави

Хороскоп за 17 февруари: Овните ќе бидат самоуверени, Скорпиите ќе се фокусираат на своите амбиции

Еспресо

(Фото) Едита Арадиновиќ непрепознатлива: Пејачката го промени личниот опис и го покажа трудничкиот стомак

Еспресо

Еве како изгледа синот на Марија Шерифовиќ, Марио

Е.А.

„Секој ќе го стигне Божјата казна“: Рада Манојловиќ ги вознемири следбениците со објавата за „црна магија“

Е.А.

(Фото) „Госпоѓо мамо, среќен роденден“: Огњен Амиџиќ со емотивна фотографија ги разнежни сите

Еспресо

„Ми ја скрати целата коса“: Весна Ривас преживеала страшно насилство од својот татко

Е.А.
Се вчитува....