14.8 C
Скопје
21:21 - 4 мај, 2024

Адвокатот на таблоидите го „растури“ Хари во судницата: Принцот сведочи дека новинарите му го уништиле детството, но не се сеќава на конкретни приказни!

Принц Хари во вторникот (денес) влезе во судницата за сведоци за да го повика британскиот таблоид на одговорност за неговата „деструктивна“ улога во текот на неговиот живот. Но, набрзо се нашол во ситуација дека е повикан на одговорност од страна на адвокатот на еден весник за тоа како можел да обвинува дека таблоидите му го уништиле детството ако не се сеќава што вушност прочитал.

Војводата од Сасекс стана првиот постар член на кралското семејство кој сведочеше во повеќе од еден век, бидејќи држеше Библија во десната рака и се заколна дека ќе ја каже „целата вистина и ништо друго освен вистината“ во Високиот суд во Лондон.

Хари го обвинува издавачот на „Дејли мирор“ дека користел незаконски техники од „индустриски размери“ за да ги посвети насловните страници на случки од неговиот живот.

Седејќи на местото за сведоци, облечен во темен костум и вратоврска, Хари му кажа на адвокатот кои ги застапува весниците од Мирор Груп, Ендрју Грин, дека искусил непријателство од печатот „уште од моето раѓање“. Принцот ги обвини таблоидите дека одиграле деструктивна улога „во моето растење“.

Хари беше принуден речиси веднаш да признае дека не е сигурен дека може да се сети на 33-те конкретни написи за кои се жалеше од илјадниците за кои рече дека биле напишани за него.

„Дали е реално, кога сте биле предмет на толкав упад во печатот од толку многу весници, и домашни и меѓународни, да припишете специфично обвинување на одредена статија од пред 20 години, која можеби не сте ја виделе во тоа време?“ – праша Грин.

„Тоа не е специфичен напис, тоа се сите написи“, рече Хари. „Секоја статија ми предизвикуваше вознемиреност“.

Хари рече дека написите го натерале да стане депресивен и параноичен, да има недоверба кон пријателите, за кои се плашел дека им даваат информации на медиумите. Неговиот круг на пријатели се намалил, врските се распаднале и тој постојано се чувствувал дека е во центар на новинарите кои му го обликуваат наративот на животот.

„Искрено чувствувам дека во секоја врска што некогаш сум ја имал – било со пријателите, девојките, со семејството или со војската, секогаш имало трета страна, имено таблоидниот печат“, рече Хари во писмената изјава на сведок.

Грин побара од Хари да идентификува какви-било докази кои ги има за хакирање на неговиот телефон во конкретни написи, а Хари постојано велеше дека тоа прашање ќе мора да му го постави на новинарот кој ги напишал написите. Хари постојано инсистираше на тоа дека начинот на кој се добиени информации е многу сомнителен.

Тој рече дека некои од новинарите биле познати по хакирање на телефони.

На прашањето како новинарите можеле да му го хакираат телефонот за напис за неговиот 12-ти роденден – време кога тој признал дека нема мобилен телефон – тој посочи дека можеби го хакирале телефонот на неговата мајка, покојната принцеза Дијана.

„Тоа се само шпекулации што ги смисливте сега“, предложи Грин.

38-годишниот син на кралот Чарлс III е првиот висок британски претставник на кралското семејство од 19 век кој се соочува со испрашување пред суд. Еден негов предок, идниот крал Едвард VII, се појави како сведок на судење за скандал со коцкање во 1891 година.

Адвокатот на Хари, Дејвид Шерборн, рече дека од детството на Хари, британските весници користеле хакирање и подметнување за да ископаат делови од информации кои би можеле да се претворат во главни „вести“ за насловните страници.

Тој нагласи дека приказните за Хари биле големи продавачи на весниците, а околу 2.500 написи ги опфаќале сите аспекти од неговиот живот во периодот за кој Хари се суди – од 1996 до 2011 година – од повреди на училиште до експериментирање со марихуана и кокаин, до подеми и падови во врските со девојките.

„Ништо не беше свето за таблоидите“, рече адвокатот.

Но, адвокатот на Мирор груп негира и не призна ниту едно од тврдењата на Хари.

Грин во понеделникот рече дека „едноставно нема докази способни да го поддржат наодот дека војводата од Сасекс бил хакиран, а камоли докази на вообичаена основа“.

Слични објави

(Фото) Бритни Спирс загрижува со однесувањето: По хаосот и расправијата си заминала боса

еспресо

(Фото) Во домот на Лепа Брена сѐ е подготвено за Велигден! Синот на пејачката се пофали со празничната атмосфера

Еспресо

(Видео) „Четири километри во кал…“: Никола Роквиќ пешачи 13 дена, се огласи колку пари собрал

Еспресо

Велика сабота: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

„Фала Богу што сум жива“: Познатата фолкерка доживеа тешка сообраќајка, објавени сликите од автомобилот

Еспресо

„Немојте да раѓате деца и…“: Сопругата на Огњен Амиџиќ упати порака и покажа како изгледа

Еспресо
Се вчитува....