15:15 - 6 декември, 2025

Аца Лукас повторно ја понижи Милица Павловиќ: „Дајте ми сметка да ѝ уплатам 100 евра“

Скандалот меѓу Аца Лукас и Милица Павловиќ доби нова димензија, откако фолкерот јавно се обрати до нејзиниот менаџмент, алудирајќи на наводни поплаки околу нејзиниот ангажман во една кампања.

Во видео-обраќањето кое кружи на социјалните мрежи, Лукас со иронија порача дека е подготвен да плати за, како што рече, „бесплатното фотографирање“ што наводно предизвикало реакции од страна на тимот на Павловиќ.

„Слушам дека некој кука за бесплатен ангажман за сликање, за кампања, реклама за популарност. Госпоѓица Павловиќ, така ли? Го молам нејзиниот менаџмент веднаш да ми ја испрати фактурата за да ги уплатам тие сто евра, колку што чини нејзиниот ангажман“, рече Лукас во видеото.

Ова негово обраќање повторно ги разгоре шпекулациите за силниот конфликт меѓу двајцата пејачи, кој трае веќе подолго време.

Неодамна, Лукас јавно ја нарече Милица Павловиќ „кинеска Јелена Карлеуша“ и ја обвини дека не ја зборува вистината околу нивната несудена соработка. Конфликтот се разгори по изјавата на пејачката дека лично го избришала нивниот нереализиран дует „Кидаш ме“.

Лукас, пак, тврди дека вистината е поинаква.

„Госпоѓице Милице Павловиќ, морам да ти објаснам неколку работи. Ти си, изгледа, помешала нешта. Те учеле ли како мала дека ќе ти порасне нешто ако лажеш? И ти си мислела дека ќе порасне нешто друго, а не реп? Ќе ти порасне реп од толку лаги“, изјави тој.

Тој додаде дека пејачката не избришала ништо, туку дека дуетот бил забранет од неговата продукциска куќа „Хајп“, и тоа во договор со него.

„Ти многу добро знаеш зошто. Знае и твојата продукција, знае и судот. Така што, не си притиснала ништо, туку си добила забрана“, тврди Лукас.

Дуетот „Кидаш ме“ првично беше најавен како голем хит, а снимениот материјал, според информации од двете страни, никогаш не ја виде светлината на денот поради неизвесни несогласувања.

Милица подоцна изјави дека се надева никогаш никому да не му направи „тоа што таа го доживеала“.

Слични објави

Џејла Рамовиќ го одложи настапот во Скопје: „За да ги избегнеме непријатностите…“

Еспресо

(Фото) Сосема се променил: Како изгледало новото момче на Маја Шупут пред да стане „Господин Совршен“

Еспресо

(Фото) Синот на Милош Биковиќ во новогодишна бајка: Ужива околу елката, вртелешката и дрвените коњчиња

Еспресо

Хороскоп за 6 декември: Скорпиите уживаат во љубовта, Водолиите се полни со позитивна енергија

Еспресо

(Видео) Нивес Целзиус се фати за работа: Го глетуваше станот, но сите гледаа во нејзиниот задник

Еспресо

Жељко Митровиќ повторно дели откази на „Пинк“, ги раскина договорите во живо на вести

Еспресо
Се вчитува....