13:11 - 17 ноември, 2026

(Фото) Ѕирнете во куќата од соништата на Барби, може и да ја изнајмите

Розевата куќа на Барби, најпознатата кукла во светот ги отвори вратите за обожаватели кои ќе можат и да ја изнајмат пред премиерата на филмот, односно да резервираат едно ноќевање за двајца. Тоа ќе можат да го направат за околу две недели – од 17 јули во 19 часот.

Во филмот „Барби“ главната улога им е доверена на прекрасната Маргот Роби и Рајан Гослинг, а под режисерската палка на Грета Гервиг, која заедно со нејзиниот сопруг Ноа Баумбах го напиша и сценариото за овој филм, кој несомнено ќе стане голем летен хит на бокс офисот.

Куќата се наоѓа во Малибу (Калифорнија, Соединети Американски Држави), на 40 минути возење од Лос Анџелес и нуди прекрасен поглед. Изнајмувањето на куќата на Барби е целосно бесплатно.

Куќата од соништата на Барби има поглед на море, базен, клима уред, Wi-Fi…

Сè што треба да направите е да се пријавите на airbnb.com/kendreamhouse.

 

Слични објави

Можеме ли да бидеме посреќни по педесеттата? Три промени што ги забележуваат психолозите

К.С.

(Фото) „Ало, 911, пак ја испразнив кредитната картичка!“ — Елена Ѓорговска сподели фотографии од патувањето во САД

К.С.

Марија Шерифовиќ и Јована Пајиќ ги спакуваа куферите и побегнаа од Србија: „Не отидовме на Бали, но менуваме дестинација“

E.A.

(Фото) По повод Светскиот ден на предвреме родените бебиња — Маја Кикириткова им посвети емотивна порака на своите деца Лазар и Ева

apostolova

За утро што мириса на цимет — рецепт за меки ролнички со кремаст прелив

К.С.

Наутро мотивирана, навечер без карактер: Дали навистина проблемот е во недостигот на дисциплина?

Еспресо
Се вчитува....