10.8 C
Скопје
20:27 - 10 април, 2026

Почина жената која го измисли „среќниот оброк“ во „Мекдоналдс“

Јоланда Фернандез де Кофињо

Бизнисменката од Гватемала за која се верува дека го измислила „Среќниот оброк“ или „Happy Meal“ од „Мекдоналдс“ починала на 6 септември оваа година на 87-годишна возраст.

Јоланда Фернандез де Кофињо и нејзиниот сопруг Хозе Марија Кофињо го отвориле првиот „Мекдоналдс“ во Гватемала во 1974 година, а Јоланда го водела до 2018 година кога бизнисот им го препуштила на своите деца.

„Среќниот оброк“ бил измислен во 1970-тите кога дошла до идеја да создаде оброк што ќе им помогне на родителите полесно да ги хранат своите деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by McDonald’s Guatemala (@mcguate)

На официјалниот инстаграм-профил на „Мекдоналдс“ во Гватемала се појави специјална објава по повод смртта на Јоланда.

„Мекдоналдс Гватемала длабоко жали за смртта на својата претседателка Јоланда Фернандез де Кофино. Ова без сомнение е еден од најтешките моменти за семејството, компанијата и илјадниците нејзини соработници во Гватемала“, се вели во соопштението.

Слични објави

Џејла Рамовиќ ја објави новата песна „1004“

E.A.

НАСА: Екипажот на Артемис 2 си ја заврши работата, сега следува најризичната фаза

Т.Ц.

„Немој да бидеш кретен!“ – бруталниот совет на Киану Ривс стана лекција за Холивуд

Т.Ц.

Неодоливиот Словенец го замени фудбалскиот терен со реално шоу и стана миленик на публиката

Т.Ц.

Сите зборуваа за нивната свадба – овој познат хирург е поранешниот маж на Мира Шкориќ

E.A.

Никогаш не го заборави: Брена со емотивна приказна за Лепи Бора

msp-admin
Се вчитува....