9.8 C
Скопје
23:12 - 19 октомври, 2026

Ѕвездата од „Американска пита“ заработила милион долари за една недела на „Онлифенс“

Актерката Шенон Елизабет, која светска популарност стекна со улогата на Наѓа во комедијата „Американска пита“ (American Pie), откри дека планира да купи сопствен дом благодарение на заработката од платформата „Онлифенс“.

Иако, како што вели, заработила милион долари уште во првата недела од отворањето на профилот, актерката моментално минува низ необичен животен период.

Во неодамнешно интервју, Елизабет раскажала дека од септември 2025 година, кога се разделила од сопругот Сајмон Борчерт, престојува кај пријатели, додека сите нејзини работи се сместени во складиште.

„Сè уште не сум одлучила дали ќе купам или ќе изнајмам дом. Единствено знам дека сакам да останам во Јужна Африка, бидејќи ја обожавам земјата, имам блиски пријатели таму и работам на мојата фондација“, изјавила актерката.

Шенон, која минатиот месец поднела барање за развод, признала дека изминатиот период бил многу тежок и емотивен за неа.

Идејата да отвори профил на „Онлифенс“, како што открива, ја добила од својот менаџер кон крајот на 2025 година, а финансискиот успех ѝ помогнал повторно да стекне сигурност и самодоверба.

Таа истакнала дека платформата ѝ овозможила поголема финансиска независност, поради што сега може повнимателно да ги избира актерските проекти, но и да обезбеди средства за својата хуманитарна работа.

Фондацијата на Шенон Елизабет е фокусирана на заштита на загрозените животински видови и зачувување на природните живеалишта, а дел од заработката планира да ја насочи токму кон еколошки и хуманитарни активности.

Иако „Онлифенс“ најчесто се поврзува со содржини за возрасни, актерката вели дека досега не се соочила со премногу експлицитни барања од следбениците.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

Најверната жена во хороскопот — кога еднаш ќе го подари срцето, сака засекогаш

К.С.
Се вчитува....