16.8 C
Скопје
13:21 - 18 октомври, 2026

Зеленски: „Дајте ни го оружјето што ни треба“,„Изборете се со стравот од Русија, демократијата не треба да се плаши“

„Разбираме дека напаѓачите преовладуваат во бројност. Имаат повеќе технологија. Но, ние немаме друг избор. Судбината на нашиот народ е решена. Знаеме за што се бориме. И правиме се за да победиме“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во новото видео обраќање до своите граѓани и светот во вечерните часови и повика на поголема соработка.

„Демократијата мора да ги надмине заканите што Русија ги шири. Убеден сум дека стравот не ги засега европските земји. Помогнете ни. Помогнете му на мирот. Дајте ни го оружјето што ни треба. Го цениме она што веќе го дадовте. Воведете дополнителни санкции доколку е потребно. И изборете се со стравот од Русија каде и да се појави. Затоа што демократијата не смее да се плаши“, додаде тој.

„Сега Киев е престолнина на глобалната демократија, престолнина на борбата за слобода за сите на европскиот континент“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски, најавувајќи дека Украина се подготвува за посети на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и шефот на Европсската дипломатија Жозеп Борел во наредните денови.

Дел од обраќањето на Зеленски е посветено на состанокот одржан во ОН вчера: „Советот за безбедност на ОН мора да развие решенија за мир во Украина. Ако ОН не знаат како да ја донесат оваа одлука, може да се направат две работи. Или да ѝ ја одземе на Русија – како агресор и извор на војна – можноста да ги блокира одлуките за сопствената агресија, сопствената војна. Или да покажете како ОН може да се реформираат. И да работи за мир. Ако, пак, сегашниот формат е непроменлив, нема излез, ќе следи само доброволно распуштање“

„Треба да се истражат злосторствата на Русија во регионот Киев и Русија ќе се соочи со нови болни санкции. Разговарав за ова со францускиот претседател Емануел Макрон. Разговаравме и за преговори и хуманитарна помош за опколените градови. Ви благодарам пријателе за вашата принципиелна позиција “, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски по телефонскиот разговор Макрон.

Русија „ги дискредитира ОН и сите други меѓународни институции на кои сè уште им припаѓа“. Според претседателот на украинската држава, улогата на Русија во ОН е „да блокира сè што е конструктивно и „за да шири лаги и да го оправда злото што го прави“.

„Руската војска и оние кои им дале наредби мора веднаш да бидат изведени пред лицето на правдата за воени злосторства во Украина. Секој што дал криминални наредби и ги извршил со убивање на нашиот народ ќе биде казнет. Треба да се формира суд сличен на оној во Нирнберг“, додаде Зеленски.

Слични објави

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо
Се вчитува....