5.8 C
Скопје
02:24 - 1 април, 2026

Здравјето на Аријана Гранде е полошо од што се мислеше

Американската пејачка Аријана Гранде повторно има сериозни здравствени проблеми и со месеци не може да го излекува грлото и има страшни главоболки. Пејачката изјавила дека не може да сфати што се случува со нејзиното тело.

Уште во мај Гранде ги откажа концертите на Флорида бидејќи нагло се разболе. Тогаш сè се припишуваше на алергиските реакции поради кои ѝ се затворило грлото, како и на менталните проблеми по терористичкиот напад пред неколку години, кога од бината во Манчестер беспомошно гледала како умираат 22 луѓе за време на нејзиниот концерт.

Во саботата на фановите преку Инстаграм пејачката им навести дека здравјето пак ѝ се влошува.

Напиша дека едвај дише и дека многу ја болат грлото и главата.

„Уште сум многу болна. Не ми е добро уште од последниот концерт во октомври во Лондон“, напиша Гранде.

Напомена и дека навистина не знае што се случува со нејзиното тело во овој момент и дека допрва треба да сфати што се случува со нејзиното здравје воопшто.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....