11.8 C
Скопје
10:38 - 21 април, 2026

Зад еден од најголемите хитови на Здравко Чолиќ се крие потресна судбина на една средношколка

Познатата песна на Здравко Чолиќ од 70-те години, „Она спава“, крие вистинита и многу трагична приказна.

Чолиќ наводно оваа песна ја испеал во спомен на младата Милица Костиќ од Крушевац, која починала во 1974 година, а нејзината смрт го потресла целиот регион и предизвикала низа контроверзи. Ни денес нејзината потресна судбина никого не остава рамнодушен.

Милица починала по падот од 11 кат од Рубиновата кула во Крушевац, бегајќи од пеколот на силувањето. Сè уште млада и наивна, оваа ученичка во Медицинското училиште тргнала со едно момче до неговиот стан, за наводно да ја викнат неговата девојка.

Меѓутоа, таму ја дочекала група мажи кои сакале да ја силуваат. Осумнаесетгодишната Милица плачејќи ги молела да ја пуштат и одбивала да се соблече, но бидејќи биле неумоливи, средношколката се одлучила да ризикува и да се обиде да побегне на единствениот начин кој ѝ бил достапен.

Кога останала сама во собата во која била заробена, решила да си ги скрати маките со скок од 11-от кат. И покрај тешките повреди, Милица не починала веднаш, туку подоцна во болницата.

Инспекторот Стефановиќ успеал во нејзините последни часови да ја испита, а таа му открила што се случило во тој кобен ден.

Foto: milicakostic.rs

Момчето ми рече дека неговата девојка има строги родители и дека само треба да ја викнам. Бевме на 11 кат“, рекла таа.

„Веќе не можев да издржам. Единствено можев да си ја сочувам честа“, одговорила на прашањето зошто скокнала, а по тие зборови паднала во длабока кома од која никогаш не се разбудила.

Овој случај го шокирал целиот регион, а довел дури и до демонстрации во Крушевац.

Текстот за песната „Она спава“ го напишал поетот Велизар Шофранац, наводно инспириран од овој трагичен настан, а музиката ја компонирал Корнелие Ковач.

Оваа врска сепак никогаш не била конкретно потврдена, но митот за песната и денес живее, а и фактот дека со споменатата песна Чолиќ победил на фестивалот „Хит парада“ само два месеца по смртта на Милица.

Слични објави

(Фото) Ќерката на Велевска стана полнолетна: Софија е убава на мама

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ и Јелена Розга направија шоу во Белград, целиот Балкан зборува за нивниот настап во „Сава центар“

Еспресо

(Фото) Урбана и секси: Дани Димитровска со нов имиџ

Еспресо

Хороскоп за 21 април: Овните ќе имаат лоша деловна проценка, Лавовите ќе се изразат креативно

Еспресо

(Фото) Ана Ивановиќ позираше без шминка и босонога и покажа каков педикир избира оваа пролет

Еспресо

(Видео) Маја Шупут за првпат проговори за загубата на својот татко: „Две години по неговата смрт не можев да одам на гробишта“

Еспресо
Се вчитува....