12:34 - 7 ноември, 2026

За малку ќе пеев на погрешна свадба: Миле Кузмановски во Еден на Еден (ВИДЕО)

Големиот хит „Не кани ме“, настанал за само една ноќ, а целата приказна за оваа песна ќе ја раскаже Миле Кузмановски во Еден на Еден кај Жаре, во недела, на Канал 5 од 18.30.

„Песната ја добив на касета, само со гитара и со „нанана“. Беше готова за една ноќ“, е дел од оваа приказна.

Почетните стихови на евергринот  „Не кани ме“, „Те слушам мирисаш пред мене“ го инспирираа Жаре да му смисли интересна игра на фолк-пејачот. Во неа Миле Кузмановски ќе погодува пијалоци и храна по мирис, со врзани очи.

Фото: Промо

„Кафаната е институција, тоа е една многу специфична работа. На времето, сум имал настапи по 365 дена во годината, цела година од кафана не сум излегол“, е само една од приказните кои ги раскажа Миле.

„Еднаш утнав ресторан, за малку ќе пеев на погрешна свадба“, е уште една добра приказна на пејачот со голем багаж.

Со неговите колеги Мирослав Илиќ и Наум Петрески, тој ќе одржи концерт на 15 февруари во А1 Арената, па затоа Жаре го предизивика Миле да испее една песна од Наум, со помош на „Маестро бенд“. И не само тоа, Миле со Гуру Харе бенд се покажа како одличен рокер.

Во продолжение погледнете две интересни видеа од новата епизода на Еден на Еден. Во првото, Миле зборува како настанала „Не кани ме“, а второто е монолог на Жаре за тоа како би се викале партиите на познатите.

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.
Се вчитува....