Ирина Шејк е прогласена за најдобра манекенка за костими за капење за оваа година, оваа мајка на едно дете се најде на врвот на овогодишната листа која ја состави компанија за производство на алишта и костими за капење.
Главен критериум било влијанието кое познатите манекенки го имаат на социјалните мрежи. Откриено е дека Ирина заработува до 60.000 фунти по објава на Инстаграм. Објавува фотографии на кои позира за престижните светски модни брендови.
Веднаш зад неа на листата е Александра Амброзио. Бразилската убавица просечно добива околу 150.000 лајкови по објава на Инстаграм. Таа оваа година покрена свој бренд за костими за капење.
Емили Ратајковски е трета на листата. По објава просечно добива околу два милиони лајкови. И покрај тоа, за оваа манекенка не сметаат дека има толку големо влијание бидејќи голем дел од нејзините следбеници се мажи.
View this post on Instagram
Felt like a princess thanks to @princessbermuda ✨ we loved it here so much